Македонската Берза е во Жив Зијан

//Македонската Берза е во Жив Зијан

Македонската Берза е во Жив Зијан

Македонската берза е во жив зијан, не само што нема трансакции туку најтргувани хартии од вредност се обврзниците. Падот на тргувањето е за фантастични над 70 отсто.

Се попасивно тргување со хартии од вредност на Македонската берза. Нестабилната економска состојба го намали берзантскиот промет за 53,18 отсто, во споредба со лани.

Најголемо опаѓање има на трговијата со блок трансакции, кои се намалиле за 70,45 отсто, додека најнезабележителен пад од 6,32 има кај обврзниците.

Преполовувањето на размената  е под влијание на должничката криза  која ја зафати еврозоната, велат од Македонската берза.

Пред се на тоа на одлуката на инвеститорите дали ќе купуваат, дали ќе продаваат значи не влијаат она друштвата како работат, туку пред се одлуките ги носат потикнати од други влијанија, други фактори влијаат на тоа. Знаеме дека пред се тука има големо внимание политичките, економските случувања не само во државата туку и во регионот и пошироко, рече Евита Иванова од македонска берза.

Во споредба со другите балкански држави, Македонија го зафаќа претпоследното место. Најмногу размена имало на загрепската берза, додека најисплашени се трговците со хартии од вредност во Црна Гора.

Според анализа на хрватски весник, вкупниот берзантски промет во целиот регион во првите 7 месеци од годинава е колку еден месец тргување на берзата во Будимпешта.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 07.08.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Ана Петковска

By | 2012-08-09T12:51:15+00:00 09/08/2012|Берза|