Неделна Берзанска Анализа 15.06.2012

//Неделна Берзанска Анализа 15.06.2012

Неделна Берзанска Анализа 15.06.2012

Доминација на Топлификација на пазарот на капитал.

Во вторникот се продаде 16,44% до капиталот.

На јавната аукција очекувано се јави само еден купувач кипарска фирма. Неофицијално таа го откупи пакетот во име на словенчки Петрол.

Во овој берзански преглед анализираме како е значењето на оваа трансакција и дали ќе влијае охрабрувачки на пазарот на капитал.

Инвестирањето на 3,7 милиони евра на пазар кој што неколку години се соочува со хронична неликвидност и отсуство на инвеститори апсолутно е позитивен сигнал.

Трансакцијата покажа дека кога се нуди поголем пакет акции што значат приближување до контролната позиција во компанијата доаѓа до израз огромната дискрапанца помеѓу пазарните и реалните цени на македонските компании. Тоа може да е причина повеќе во услови на силно изразен песимизам на пазарот на капитал да се биде храбар и да се инвестира.

За жал оваа констатација барем на краток рок не беше доволен мотив за инвеститорите бидејќи цените на акциите го продолжиле негативниот тренд и оваа недела.

МБИ 10 заврши на 1913 индексни поени што е пад за 1%.

Вкупниот промет достигна 82,5 милиони денари без блок трансакциите и јавните понуди што е за 38% помалку во однос на минатата недела.

Акциите на Комерцијална банка беа најтргувани со промет од 4,6 милиони денари, а потоа на топлификација и на Алкалоид. Топлификација воедно оствари и најголем раст на цената додека најголем губитник беше РЖ Услуги.

Претстои многу интересна недела во која што барем странските пазари на капитал може да се движат во крајности од еуфорија доколку на изборите во Грција победат партиите кои што го прифаќаат планот за штедење до паника и страв предизвикан од евентуално неконтролирано излегување на Грција од еврозоната.

Реакциите ќе ги сумираме идниот петок во новата берзанска анализа на Алфа и КБ Публикум инвест.

httpv://www.youtube.com/watch?v=DmZExR2zzdE

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 15.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Христијан Стојчевски

 

By | 2012-06-16T04:23:24+00:00 16/06/2012|Берза|