Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол

//Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол

Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол

Модната марка „Зара” доаѓа во Македонија. Во трговскиот центар „Скопје сити мол” ќе се отвори најголемото претставништво на „Зара” на Балканот. Продавницата ќе биде на два ката, на површина од 2.190 квадратни метри, најавија од „Балфин МК”, инвеститорот на трговскиот центар.

„Зара” ќе биде само една од реномираните модни марки што ги носи „Индитекс”, која е интернационална фирма и е меѓу трите најголеми закупци на новиот трговски центар. Оваа фирма со себе ги носи и „Бершка”, „Масимо Дути”, „Пул енд беар” и “Страдивариус”. Со влезот на „Индитекс” во „Скопје сити мол”, Македонија станува 80. земја од светот во која групацијата ќе биде присутна со своите афирмирани модни марки  информираше Петер Џ. Варден, главен извршен директор на „Балфин МК”.

„Балфин МК” го најави и влезот на вториот најголем синџир супермаркети во светот и прв во Европа  францускиот интернационален „Керфор”. Договорот за закуп за носечка хипермаркетпродавница, со вкупна површина од 4.650 квадратни метри, е потпишан уште во јули минатата година, но поради клаузулата за доверливост, информацијата морала да остане во тајност. Со отворањето на овој хипермаркет,

„Керфор” ќе има повеќе од 9.500 продажни локали во 33 земји од светот.

Третиот најголем закупец е „Синеплекс”, кој ќе отвори девет киносали опремени со современа дигитална технологија, преку која македонската публика ќе се запознае со најновиот реален ЗД-ефект. Планот на „Синеплекс” не е само да прикажува филмови, туку и да овозможи уживање во спортски и во музички настани на големото платно, повторно со реални ЗД-ефекти.

Сите три компании го привршуваат процесот на опремување на просторот и го дооформуваат менаџерскиот тим, кој со забрзано темпо се подготвува за отворањето.

Интернационалните фирми „Керфор”, „Индитекс” и „Синеплекс” се трите најголеми закупци во трговскиот центар „Скопје сити мол”. Трговскиот треба да биде отворен во септември, да обезбеди 2.200 нови работни места, а инвестицијата чини 90 милиони евра.

[custom_frame_center]Познати Светски Марки во Скопје Сити Мол[/custom_frame_center]

Превземено: Ден

Датум на објавата: 21.03.2012

Автор: Николина Николовска

By | 2012-03-21T05:40:18+00:00 21/03/2012|Маркети|