Нов сопственик ќе добие рафинеријата Окта откако грчката држава објави дека го продава својот мнозински удел во Хеленик петролерум. Предност за купување на акциите ќе добие најголемиот поединечен акционер, групацијата Лацис која во случај да се нафати на зделката ќе биде и новиот газда на рафинеријата.
Грчката држава до мај ќе го продаде уделот акции во Хеленик петролеум која е газда на рафинеријата ОКТА. Извршниот директор на агенцијата за приватизација на Грција, Костас Митопулус денеска во интервју за Ројтерс потврди дека најдоцна пред изборите ќе се објави тендер за продажба на 35,5% од акциите чија пазарна вредност во моментов се проценува на околу 580 милиони евра.
Грција е принудена на ваквиот потег откако Хеленик Петролеум се најде на листата државен имот и удели во фирми кои мора да се продадат за да се намали презадоложеноста на земјата.
Според информациите државниот удел најверојатно ќе му се понуди најпрвин на најголемиот поединечен акционер Лацис груп која поседува 41,3% од Хеленик петролеум. Доколку прифати тогаш таа ќе стане доминантен сопственик на капиталот на компанијата чија пазарна вредност се проценува на околу 1,6 милијарда евра. Ова автоматскли ќе значи и зацврстување на сопственоста и во Окта каде Хеленик петролеум поседува 81,5% од акциите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KCVtlrpOYVE
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 21.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Костадин Делимитов