Хипермаркет на францускиот бренд „Мр. Бриколаж” е отворен во новиот трговскоделовен центар на Скопски пазар лоциран кај стариот Кванташки пазар на улицата ,,Перо Наков” во Скопје.
Продажниот салон е на површина од 3.000 квадратни метри. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам” производи за домаќинство, градежништво и хортикултура. Поставени се над 30.000 артикли, електрика и осветлување, алати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, се за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, и за уредување градина… Потрошувачите на едно место можат да добијат и услуги за испорака на купените стоки, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање бои…
Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 квадратни метри, ,,Мр. Бриколаж” спаѓа меѓу најдобрите четири „направи сам” маркети на глобално ниво. Во новиот трговскоделовен центар на Скопски пазар е присутен и најголемиот салон за техника во Македонија на познатиот домашен бренд за потрошувачка електроника и бела техника ,,Нептун”.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Утрински Весник
Датум на објавата: 30.03.2012
Автор: Ек.Р.