80 лекови ќе можат да се набавуваат во сите дозни форми. За лекови кои се регистрирани кај нас, а пациентот ги купил во странство, Фондот нема да ги рефундира парите. Овие мерки ќе важат од следната недела.
83 генерични лекови од позитивната болничка листа ќе може да се регистрираат во сите дозни форми и да се набавуваат во болниците. Со оваа нова мерка лековите ќе се користат порационално и без загуби.
На позитивната листа, од определени компании, регистрирале лекови од една дозична форма, која што е обично поскапа и поскапа за администрирање. Со новата измена која што ја правиме, практично овозможуваме со регистрацијата на лекот да бидат регистрирани сите јачини. Односно СРЈ ознака или сите регистрирани јачини. На тој начин ќе овозможиме или подобро да се администрира, односно поефикасно да се користи терапијата. На начин што или ќе биде поевтино за користење со тоа што нема да се даваат 4, 5 или повеќе ампули, што е само по себе поскапо. Или ќе оневозможиме определен дел од терапијата да оди, народски кажано да се фрла и на тој начин да има загуба за јавната здравствена установа, вели Тодоров.
Фондот нема точни пресметки колку би се заштедило или колакави се загубите, затоа што им плаќа на болниците буџети според пакети на услуги, а не според набавки.
Самите болници имале можност, меѓутоа не сите користеле кога ги организирале тендерите да ги прават тендерите за сите јачини, а сега ние тоа го овозможуваме, проширувајќи ги сите лекови на болничката листа , вели Маја Парнаџиева Змејкова.
Новина е што од сега на пациентите што купуваат лекови од позитивната листа во странство, а тие се регистрирани во Македонија, нема да им бидат рефундирани парите од Фондот. А ако во моментот ги нема ќе се набавуваат интервентно. Овие мерки на Министерството за здравство се надоврзуваат на досегашните за поевтинување на лековите и на електронските јавни набавки. Поради добрата снабденост забележана е појава на зголемување на продажбата на одредени лекови во Куманово и во Крива Паланка за 40% и тоа од соседните земји, што министерот го карактеризира како медицински туризам.
httpv://www.youtube.com/watch?v=DcpgmJpUfGU
Превземено: МТВ1
Датум на објавата: 01.04.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Соња Стојановска