На 4-ти мај во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи 13-тата по ред годишна конференција на Македонската Берза.
Овој настан е веќе со препознатлив имиџ за размена на искуства и дискусија за актуелните состојби во финансиската индустрија, а воедно и за промоција на идеи за понатамошен развој на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
И оваа година, конференцијата ќе биде место на кое ќе се соберат претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании и други акционерски друштва, државни и регулаторни институции, како и други лица чија дејност е поврзана со работењето со хартии од вредност или пак кои имаат интерес да инвестираат во македонскиот пазар на капитал за да се запознаат со финансиските актуелности, анализи и трендови во земјата, но и пошироко. Учесниците на настанот, низ организирани дебати и панел дискусии, ќе имаат можност да ги слушнат размислувањата на реномирани домашни и странски експерти во врска со глобалните и локални макроекономски состојби и нивната рефлексија на пазарите на капитал, иднината на бизнис-моделите на берзите, како и нивните видувања за значењето и улогата на пост-трговската инфраструктура во националното и прекуграничното тргување со хартии од вредности.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.inpress.com.mk
Датум на Објава: 19.04.2012