PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
6 03, 2012

Рекордните Цени на Горивата на Дневен Ред

By | 2012-03-06T06:32:15+00:00 06/03/2012|Нафтени деривати|

Рекордните цени на горивата на дневен ред по враќањето на владиниот тим од Индија. Тогаш ќе се одлучува дали и на кој начин владата може да го ублажи ценовниот шок. Минатата недела горивата поскапеа за 3 денари и во моментов имаат историски највисока цена. Цените на горивата под лупа. По враќањето на владината делегација од Индија, прашањето за се повисоките цени на бензините ќе биде ставено на дневен ред пред министрите, најавува вицепремиерот Пешевски. Владата ќе иницира и прегововори со ОКТА [...]

5 03, 2012

Конкурент на Tojota Yaris

By | 2012-03-05T08:05:56+00:00 05/03/2012|Автомобили|

Suzuki во Палекспо се претставува со два концепти. Првиот од нив е G70, кој го видовме и во Токио под името Regina и претставува визија за компактен автомобил од нова генерација, со мала потрошувачка на гориво, мали емисии на штетни гасови и врвна аеродинамика. Концептот е долг 3.550 mm, широк 1.630 и 1.430 mm висок. Меѓуоски-ното растојание е 2.425 mm, а масата 730 килограми, што е за околу 10% помалку од онаа на слични модели од конку-ренцијата. Без да објавува детали за моторот на автомобилот [...]

5 03, 2012

Училишни автобуси за 23 општини

By | 2012-03-05T07:51:42+00:00 05/03/2012|Образование|

Дваесет и три општини во Македонија ќе добијат по еден училиштен автобус од донацијата на НР Кина. Ова денеска со потпишување Договор во Владата го официјализираа вицепремиерката за европски прашања и национален координатор за странска помош Теута Арифи и претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа Коце Трајановски. Автобусите се за превоз на ученици  во основните и средните училишта, пред се, за руралните средини, а производител е кинеската компанија „Јутонг“, која ги направи [...]

5 03, 2012

Здравствена Задолжница за Пребивање на Долгови

By | 2012-03-05T07:21:36+00:00 05/03/2012|Здравство|

Јавните здравствени установи од 1 јуни ќе можат со новиот инструмент здравствена задолжница да ги пребиваат долговите. Целта е да се обезбеди поголема интерна ликвидност бидејќи здравствената задолжница ќе биде гарант за наплатата на долгот. Задолжницата ќе треба да биде потврдена од Фондот за здравство. Доколку не биде наплатена од должникот долгот ќе треба да го плати Фондот. Обврзницата ќе гласи на сумата неповисока од 30 проценти од буџетот на здравствената установа по претходно обезбедени с [...]

22 02, 2012

Вип се приближува кон 25 отсто пазарен удел во Македонија

By | 2012-02-22T14:16:36+00:00 22/02/2012|Телекомуникации|

Третиот мобилен оператор Вип се приближува кон 25 отсто од пазарниот удел во Македонија. Ова, истакна главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев, е причина во компанијата да бидат исклучително задоволни од постигнатите резултати во изминатите 4,5 години, колку што се присутни во Македонија. Притоа, посочи, по мошне успешното трето и последното тримесечје од 2011 за компанијата било одлично, но напомена дека засега не може да изнесува повеќе детали. „Доколку останеме посветени на она [...]

5 02, 2012

Холанѓани ја преземаат Битолската млекарница

By | 2012-02-05T12:42:32+00:00 05/02/2012|Млеко|

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Во Битолската млекарница очекуваат позитивни промени, зголемување на ефикасноста во работењето и нови можности за развој. Италијанско-холандската корпорација „Фриесланд кампина“ потпиша меморандум за разбирање со инвестицискиот фонд „Салфорд“ со цел да ги преземе компаниите „Имлек“, „Млекара Суботица“ и „Млекара Битола“, кои се сопственост на „Салфорд“. - Убедени сме дека нашите млекари ќе имаат просперитет и дека од тоа ќе имаат корист и потрошувачите в [...]