Холанѓани ја преземаат Битолската млекарница

//Холанѓани ја преземаат Битолската млекарница

Холанѓани ја преземаат Битолската млекарница

[custom_frame_right]Холанѓани ја преземаат Битолската млекарница_1328446001820[/custom_frame_right] Во Битолската млекарница очекуваат позитивни промени, зголемување на ефикасноста во работењето и нови можности за развој.

Италијанско-холандската корпорација „Фриесланд кампина“ потпиша меморандум за разбирање со инвестицискиот фонд „Салфорд“ со цел да ги преземе компаниите „Имлек“, „Млекара Суботица“ и „Млекара Битола“, кои се сопственост на „Салфорд“.

– Убедени сме дека нашите млекари ќе имаат просперитет и дека од тоа ќе имаат корист и потрошувачите во регионот – изјавија претставниците на „Салфорд“.

Во Битолската млекарница со оваа аквизиција очекуваат позитивни промени, зголемување на ефикасноста во работењето, како и подобри услови за зголемување на производството.

Со ова во работната мрежа на „Фриесланд кампина“ ќе се придодадат активностите на двете компании на подрачјето на Западен Балкан. Продавачот е мнозински акционер во двете млекарници, со приближно 79 отсто акции во „Имлек“ и 82 отсто акции во „Суботичката млекарница“.

Според Сиист Харт, генералниот директор на „Фриесланд кампина“, целта им е да остварат раст на различни пазари и производни категории.

Со сегашните бизнис-активности на „Фриесланд кампина“ на подрачјето на Унгарија, Романија и Грција, преземањето на „Имлек“ и „Млекара Суботица“, на групацијата ќе ~ овозможи пристап на пазар од 76 милиони потрошувачи низ регионот и ќе создаде цврста подлога за понатамошен раст на компанијата.

Kако што објасни Слободан Петровиќ, генералниот директор на „Имлек“, ова е голема шанса за регионот.

По купувањето, вкупниот број вработени во „Фриесланд кампина“ во регионот ќе се зголеми на околу 3.900 во 14 погони за преработка на млеко за пазарот.

На основа на извештајот од 2010 година годишниот приход на компанијата „Фриесланд кампина“ достигнува близу 9 милијарди евра. Kомпанијата има вработено 19.500 луѓе во 100 производни погони и продажни места во 25 земји.

Двете страни очекуваат дека договорот ќе биде финализиран во следните неколку месеци.

Превземено: www.dnevnik.com.mk

By | 2012-02-05T12:42:32+00:00 05/02/2012|Млеко|