Конкурент на Tojota Yaris

//Конкурент на Tojota Yaris

Конкурент на Tojota Yaris

Suzuki во Палекспо се претставува со два концепти. Првиот од нив е G70, кој го видовме и во Токио под името Regina и претставува визија за компактен автомобил од нова генерација, со мала потрошувачка на гориво, мали емисии на штетни гасови и врвна аеродинамика. Концептот е долг 3.550 mm, широк 1.630 и 1.430 mm висок. Меѓуоски-ното растојание е 2.425 mm, а масата 730 килограми, што е за околу 10% помалку од онаа на слични модели од конку-ренцијата. Без да објавува детали за моторот на автомобилот, компанијата тврди дека потрошувачката на гориво кај Regina ќе е околу 3,1 1/100 km, а емисијата на С02 70 g/km. Внатрешноста на Suzuki Regina е со четири седишта и е развиена во доста футуристички стил.

Вториот концепт на Suzuki е хибридната верзија на Swift, Extender. Неговата погонска технологија е базирана на сериски поврзаните погонски агрегати бензинскиот мотор е тука само за да произведува струја кога батериите по изминати триесетина километри ќе се испразнат.

Превземено: Авто Експрес – неделник

www.dnevnik.com.mk

www.utrinski.com.mk

By | 2012-03-05T08:05:56+00:00 05/03/2012|Автомобили|