Автомобилски Марки од Кои Застанува Здивот

//Автомобилски Марки од Кои Застанува Здивот

Автомобилски Марки од Кои Застанува Здивот

„Порше Македонија” е компанија што ги застапува автомобилските марки на комерцијални возила Audi, Skoda и Volkswagen. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот увозник во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите Volkswagen АG.

„Порше Македонија” е лидер на автомобилскиот пазар со 30 процентен удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните марки, кои се застапуваат, и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и на грижата за клиентите.

VOLKSWAGEN

Volkswagen Раѕѕаt во 2006 година се закити со автомобилскиот „Оскар” во Македонија, а Volkswagen Golf 6 во 2009 година. Автомобилите на Volkswagen се наменети за потрошувачите што бараат висок стандарден квалитет, изразена естетика, најсовремена технолошка опременост и долготрајност.

Golf, Polo, Раѕѕаt, Beetle, Јеttа, Touran, Tiguan, ЕОЅ, Touareg, Sharan, Scirocco се дел од богатиот асортиман на оваа марка, а новиот Volkswagen uр! е мал харизматичен автомобил со ефикасна потрошувачка на гориво, електричен мотор и извонреден безбедносен систем.

Возилото е за секојдневно урбано уживање и за луѓето од сите возрасти со различни мобилни желби. Caddy, Crafter, Transporter, Multivan и Amarok ја сочинуваат понудата на комерцијалните возила на Volkswagen. Практични и едноставни, овие возила се одлични за работа и за рекреација. Новиот Amarok е моќен теренец што се издвојува по својот совршен дизајн, а има голема сила и агилност за да пристигне и до најмалку пристапните места.

SKODA

Новиот модерен дизајн на возилата на Skoda, има за цел дополнително да ја истакне перцепцијата за Skoda како производител на атрактивни автомобили што нудат извонредна вредност за цената, безброј паметни решенија и прецизно извршена работа.

Откако со истражувањето на пазарот се покажа дека потрошувачите се повеќе бараат мали автомобили со ниска потрошувачка на гориво и поволна цена, Skoda ги следеше нивните потреби и на почетокот на 2012 година го лансираше новиот Citigo.

Citigo е дизајниран специјално за младата популација и се карактеризира со врвна безбедност, атрактивен дизајн и со економични бензински мотори. Fabia, Octavia, Yeti, Superb, Roomster, Praktik се другите модели на Skoda.

AUDI

Возилата на Audi се вистински симбол за престиж, стил и за луксуз. Автомобилите од оваа марка го добија и признанието „Најдобар автомобил во 2012″ од страна на читателите на најтиражното автомобилско списание во Европа „Auto motor und sport” (АМЅ), кои го оценија Audi А1 како најдобар во сегментот мали автомобили, а Audi А4 и А5 како најдобри возила од средната класа.

Audi А4 е возило со најниска стапка на фешка и е на врвот според извештајот на DEKRA за користени автомобили за 2011 година. Според поминатите километри, најдобар е во три класи автомобили.

[custom_frame_center]Автомобилски Марки од Кои Застанува Здивот[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен Додаток

Датум на објавата: 02.06.2012

By | 2012-06-02T10:44:23+00:00 02/06/2012|Автомобили|