Берзанските Индекси и Натаму во Пад

//Берзанските Индекси и Натаму во Пад

Берзанските Индекси и Натаму во Пад

Берзанските индекси и натаму во пад. Аналитичерите велат само големи институции можат да ја раздвижат берзата.

Позитивните финансиски извештаи и најавите за поголеми дивиденди не сторија многу за берзанскиот индекс.

Напротив, МБИ 10 неделава повторно падна под таканаречената психолшка граница од 2000 поени.

Брокерите малиот интерес го објаснуваат со очекувањето на инвеститорите дека  набргу по купувањето на акции со право на дивидедна тие одново ќе почнат да паѓаат.

Стравот ги натера малите инвеститори да избегаат пред дивиденди и не само да избегаат пред дивиденди од некои добри акции туку и да се воздржат од купување на акции за дивиденди. Иако активностите би рекол дека се и овеќе од солидни, Велимир Шуповиќ, иново брокер.

Апатијата на берза би можела да се надмине доколку во акциите вложуваат пензиските фондови и особено осигурителните компании чиј пазар вреди околу 100 милиони евра.

Само дел од овие пари може значајно да ја раздвижи берзата, но како што велат од Иново, тие доминатно се чуваат како банкарски депозити и се вложуваат во државни и благајнички записи.

Македонската берза ја дели судбината на сите балкански берзи кои не се привлечни за големите инвеститори.

Само доколку дојде до заситување на големите и ликвидни берзански пазари можно е да се јави интерес и за берзите во регионот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=dQQE4NfAspA

Превземено: Сител

Датум на објавата: 11.04.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Филип Момировски

By | 2012-04-12T05:45:29+00:00 12/04/2012|Берза|