Околу 100.000 жени на возраст од 24 до 60 години ќе бидат опфатени во новата тригодишна кампања на Министерството за здравство со која ќе се врши бесплатен скрининг на карцином на грло на матка. Проектот ќе стар тува на први април годинава и за него од буџетот се одвоени 11 милиони денари. Матичните гинеколози ќе ги повикаат прво жени на возраст од 24 до 35 години, а во следната фаза ќе бидат вклучени и жените од 36 до 60 години.
Како што информираш Никола Тодоров, министер за здравство, паралелно ќе стартува и кампања со која ќе се повикаат сите жени да изберат свој матичен гинеколог.
Од 1 април ќе почне дистрибуцијата на првите покани до жените, најнапред од 24 до 35 години како приоритетна група. Матичниот гинеколог со покана на домашна адреса ја повикува жената да направи ПАП-тест кој ќе биде бесплатен вели Тодоров и по тенцира дека во согласност со Акцискиот план за скрининг на карцином на грло на матка, кој е во подготовка ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години.
Според министерот се очекува најмалку 25.000 жени да направат ПАП-тест, за што веќе има пари во буџетот, но ако интересот е по голем дека ќе се обезбедат уште пари за да прегледите се реализираат. Тој појасни дека според европските стандарди е одредена старосната граница, а младите девојки под 24 години во земјава се опфатени со вакцините за заштита од ХПВ.
Преку програмата за рано откривање на малигни заболувања секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските земји информира Тодоров.
ПАП-тестовите ќе се анализираат во сите овластени цитолошки лаборатории кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, а во координација со Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје податоците ќе бидат анализирани. Во изминатата година ресорното министерство организираше во четири општини:
-Штип, Прилеп, Гостивар и Свети Николе пилот скрининг за бесплатни ПАП-тестови.
Министерот Тодоров посочи дека интересот бил голем и повикани биле околу 20.000 жени, а ПАП-тест направиле 6.050. Кај 571 жена се пронајдени епителни абнормалности и тие се проследени на дополнителни испитувања.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 17-18.03.2012
Автор: В.Ма.