Бесплатните ПАП Тестови се Покажаа Ефикасни

//Бесплатните ПАП Тестови се Покажаа Ефикасни

Бесплатните ПАП Тестови се Покажаа Ефикасни

Проектот за скрининг на рак на грлото на матката во Гостивар даде позитивни резултати. Кај 30 жени откриени се рани стадиуми на карцином и дадена им е можност да се излекуваат без последици.

Бесплатните ПАП тестови се покажаа ефикасни во спречување на последиците врз здравјето на жените во гостиварско. Една година откако се спроведува пилот проектот за скрининг на карцином на грло на матката во гостиварскиот регион на преглед кај матичниот гинеколог се јавиле близу 500 жени на возраст од 30 до 55 години. Во рамки на проектот во Гостивар изминатава година на бесплатен преглед и ПАП тест биле поканети над 5500 жени. Ефектот е задоволителен објаснува доктор Воислав Огњановски од гостиварскиот центар за јавно здравје.

Кај 30 жени или 6.2 посто од анлизираните ПАП тестови беа откриени рани стадиуми на оваа болест кога конзервативно може да се лекуваат или пак со мали хируршки интервенции и да се сочува репродуктивната функција кај жената. Што зборува за оправданост на скринингот, вели доктор Огњановски.

Потсетува дека од 1 април почнува дистрибуцијата на првите покани до жените.

Превземено: Канал77

Датум на објавата: 28.03.2012

Термин: 14.00 часот

Автор: Зоран Маџовски

By | 2012-03-29T02:51:37+00:00 29/03/2012|Здравство|