БиМилк го Зголеми Откупот на Млеко за 15 Отсто

//БиМилк го Зголеми Откупот на Млеко за 15 Отсто

БиМилк го Зголеми Откупот на Млеко за 15 Отсто

Млекара Битола БиМилк денес објави дека во март 2012 остварила пораст на откупените количини млеко за повеќе од 15 отсто во однос на претходниот месец.

Една од главните причини за овие постигнувања е зголемениот број на квалитетни грла од Германија и Австрија со повисок просек на млекопродукција кај дел од кооперантите на БиМилк, се вели во соопштението на компанијата.

Притоа се истакнува дека и кај останатите фарми е забележано подобрување во пристапот кон млекопроизводството во смисол на исполнување на многу значајни чинители кои директно влијаат врз производните перформанси на постоечките грла.

“Како и што очекувавме јуниците доведоа до раст на примарното производство и подобрување на квалитетот на млекото, позитивен тренд кој очекуваме да продолжи и понатаму“,  изјави директор за суровина во млекарата,  Златко Најдовски.

Тој најави дека компанијата ќе продолжи да инвестира во подобрувањето на безбедноста и квалитетот на млекото во сите фази на производство.

Во моментов Млекара Битола ги откупува сите расположливи количини на млеко од своите кооперанти кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди.

Зголеменото производство на млеко и поголемата рентабилност би требало да допринесе до намалена зависност од увозно млеко и до стагнација на цените на млекото и млечните производи, што во услови на криза и раст на сите влезни енергенси, ќе претставува позитивна и олеснителна околност за сите граѓани на Македонија, стои во соопштението.

[custom_frame_center]БиМилк го Зголеми Откупот на Млеко за 15 Отсто[/custom_frame_center]

Превземено: www.kajgana.com

Датум на објавата: 04.04.2012

By | 2012-04-05T03:35:53+00:00 05/04/2012|Млеко|