БМВ Повлекува 1,3 Милиони Возила од Серијата 5 и 6

//БМВ Повлекува 1,3 Милиони Возила од Серијата 5 и 6

БМВ Повлекува 1,3 Милиони Возила од Серијата 5 и 6

Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ повлекува околу 1,3 милиони возила ширум светот заради можни проблеми со акумулаторот, кои во екстремни случаи би можеле да доведат до пожар, пренесува Би-Би-Си.

Автомобилите вклучени во повикот се од серијата 5 и 6, произведени меѓу 2003 и 2010 година. Компанијата соопшти дека примила девет извештаи за дефекти, но не е познато дека тие дефекти резултирале со повреди.

Сопствениците треба да ги однесат возилата до овластените сервиси. Компанијата наведува дека поклопецот на акумулаторот со каблите може погрешно да се монтира.

„За да се спроведат квалитетни мерки, БМВ ги повлекува сите модели од серијата 5 и 6 од претходната генерација, направени меѓу 2003 и 2010 година кои се и натаму на пазарот, заради поправка кај овластените дилери”, се вели во соопштението.

Утврдениот недостаток може да доведе до неисправност на електричниот систем, возилото може да има проблеми со палењето, а во некои случаи може да дојде и до пожар, додаваат од БМВ.

[custom_frame_center]БМВ Повлекува 1,3 Милиони Возила од Серијата 5 и 6 [/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 27.03.2012

By | 2012-03-28T02:16:14+00:00 28/03/2012|Автомобили|