Чајот е еден од највкусните и најздравите пијалаци на светот. Изобилува со бројни корисни состојки, превенира и лекува голем број заболувања. Постојат најразлични видови чаеви ширум светот, но многумина од нас не знаат како да го приготват и користат овој магичен пијалак.
Нутриционистите ви претставуваат неколку основни правила за пиење на чај:
– Не треба да го пиете чајот на празен стомак, бидејќи може да ја излади слезинката и стомакот. Во Кина се препорачува „не пијте чај ако срцето ви е празно“.
– Не смеете да пиете чај ако е премногу врел, бидејќи можете да го изиритирате грлото, стомакот и хранопроводникот. Ако редовно пиете жежок чај, кај овие органи можат да се случат некои нездрави промени, меѓу останатото, можете да го оштетите стомачното ткиво и да предизвикате разни заболувања.
– Не треба да пиете студен чај, затоа што може да се појави наталожување на слузта.
– Не пијте многу интензивен чај. Високата содржина на кофеин и танин од јаките чаеви може да доведе до главоболка и несоница.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.plusinfo.mk
Датум на објавата: 19.03.2012