Донација од „Тинекс” за Македонците во Гора

//Донација од „Тинекс” за Македонците во Гора

Донација од „Тинекс” за Македонците во Гора

Компанијата „Тинекс” обезбеди донација во прехранбени продукти и пари за Македонците кои живеат во областа Гора во Косово.

Донацијата се состои од шест тони или над 1.000 пакети со прехранбени продукти, како што се масло за јадење, шеќер, ориз, грав, тестенини, кафе и средства за лична хигиена, во вредност од околу 500.000 денари. Дополнително се обезбедени и 100.000 денари како поддршка на активностите на македонската заедница во Гора.

Пакетите ќе бидат дистрибуирани до социјално најранливите семејства со македонско етничко потекло кои живеат во 18 населени места во областа Гора, како и во околината на градот Призрен. Донацијата се реализира во соработка со Здружението на Македонците од Гора, како и Сојузот на Македонците со исламска вероисповед, кои ќе обезбедат дистрибуција до крајните корисници.

[custom_frame_center]Донација од „Тинекс" за Македонците во Гора[/custom_frame_center]

Превземено: Утрински Весник

Датум на објавата: 24.08.2012

Автор: Ек.Р.

By | 2012-08-24T07:36:22+00:00 24/08/2012|Маркети|