Донесете ми Ориз со Гарнир и Вино

//Донесете ми Ориз со Гарнир и Вино

Донесете ми Ориз со Гарнир и Вино

Доставување пици, сендвичи, скара, дома или на работа, но и порачување разни производи од супермаркет, се услуги што се почесто им се достапни награѓаните во градот. Од фирмите што вршат доставување велат дека готова храна најчесто порачуваат младите, додека испораката на други производи е идеална за постарите лица, кои се спречени од која било причина да одат во продавница. И граѓаните што често порачуваат храна од работното место велат де ка сега изборот е поголем.

Додека сум на работа, не можам да излезам на пауза, така што често порачувам храна од пицерија или од сендвичарница. Порано изборот беше помал и се нудеше само одреден вид храна, како пици или сендвичи, меѓутоа сега може да се порачаат и тестенини, омлети, готвени јадења, па дури и десерти  вели Тања Стојкова, која работи во казино.

ДОСТАВУВАЊЕ ДО 250 ПОРЦИИ ДНЕВНО

Од компанијата „Јас знам дека си гладен”, која врши приготвување и бесплатно доставување на готова храна, велат дека се решиле да отворат ваков сервис бидејќи динамиката на живеење се помалку дозволува луѓето да приготвуваат храна.

Постоиме два и пол месеци, иако интензивно се подготвувавме речиси една година. Работиме од 9 до 16 часот, а испорачуваме речиси во цело Скопје, со исклучок на периферните делови. Доставувањето е бесплатно, потребни ни се помеѓу 30 и 40 минути да ги доставиме порциите, понекогаш се случува да доцниме малку но тоа секогаш им го најавуваме на нашите клиенти. Скопје е град во кој кога ќе падне дожд или, пак, се реконструира некоја улица, настанува вистински хаос во сообраќајот, нешто врз што ние не можеме да влијаеме, но го чувствуваме сериозно во нашиот бизнис  велат одговорните од компанијата.

Оттаму истакнуваат дека дневно се приготвуваат по 250 порции, цените се достапни, а најчесто се порачуваат сендвичи, тестенини или, пак, ориз со разни комбинации.

Граѓаните што го користеле овој сервис велат дека се задоволни од храната, иако се случува да доцнат со доставувањето, меѓутоа со најава, а некои бараат да се прошири компанијата и во други градови.

СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА ПРЕКУ ЕМАРКЕТ

За оние, пак, што се позафатени или од која било причина се спречени редовно да одат во супермаркет за да купат разни про из во ди за до ма, по стои вебстра ницата дома.мк, преку која може да се нарачаат сите производи што ги има во супермаркет. Вебстраницата е на„Скопски пазар”, а производите што ги нудат на Интернет го опфаќаат целокупниот асортиман што го има во еден СПмаркет.

Електронскиот супермаркет постои од 2008 година. Искуството назападноевропските земји покажувапостоење на тренд на пораст на пазарот на интернетмаркети. Нашите купувачи располагаат со се помалку слободно време и затоа се почесто настојуваат даизнајдатрешенија за брзо и лесно завршување на секојдневните домашни обврски. Овие купувачи се првите што јаприфаќаат идејата заинтернеткупување  вели Оливер Стојчевски, менаџер за набавка и супервизија за етрговија во „Скопски пазар”.

Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Тие се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе избере, ќе нарача и ќе го потврди начинот на плаќање. Минималната порачка е 500 денари, а купувачот може да ја плати сметката со кредитна картичка, во готово или на фактура.

Фреквенцијата на нарачување зависи од повеќе фактори, ние сме апсолутно задоволни од темпото наразвој на услугата. Просекот се движи меѓу 10 и 15 нарачки дневно. Услугата е достапна на територијата на целиот град, а како најчесто барани производи би ги издвоиле свежото овошје и зеленчук, кондиторските производи и средствата за хигиена. Во моментот немаме детална анализа во однос на локацијата на купувачите, но она што можеме да го потврдиме е дека нарачките пристигаат од целиот град, па и од околните општини  вели Стојчевски.

Доставувањето е организирано во шест часа, од кои три се претпладне, а три попладне. Нарачките се доставуваат во рамките на тој час, кој е избран од купувачот, и чини 80 денари за нарачка од 500 денари.

[custom_frame_center]Тања Стојкова, Јас знам дека си гладен, СПмаркет, Скопски пазар, Оливер Стојчевски[/custom_frame_center]

Превземено: Нова Македонија

Датум на објавата: 26.11.2012

Автор: Марта Таневска

By | 2012-11-26T11:23:08+00:00 26/11/2012|Маркети|