„Фиат“ Стартува со Производство во Србија

//„Фиат“ Стартува со Производство во Србија

„Фиат“ Стартува со Производство во Србија

Во Крагуевац денеска ќе биде отворена фабриката „Фиат автомобили-Србија“ (ФАС), заеднички проект на српската влада и италијанската компанија „Фиат“.

Како што објави „Б92“ ова е најголема инвестиција во Србија во изминатите неколку децении, вредна околу милијарда евра.

Договорот за основање на компанијата „Фиат автомобили-Србија“ во која гигантот од Торино има 67, а државата Србија 33 отсто удел, беше потпишан на 29 септември во 2008 година.

Се планира до крајот на годинава ФАС да вработи 2.400 луѓе. Фабриката за автомобили во Крагуевац е проектирана за производство на околу 300.000 автомобили годишно, а моментно е опремена за производство на околу 200.000 возила.

Генералниот директор на ФАС, Антонио Чезаре Ферара, претходно најави дека сериското производство на моделот „фиат 500Л“ ќе започне во текот на следниот месец, а ќе се продава со почетна цена од 16.000 евра.

[custom_frame_center]„Фиат“ Стартува со Производство во Србија[/custom_frame_center]

Превземено: www.24vesti.com.mk

Датум на објавата: 16.04.2012

By | 2012-04-17T07:12:27+00:00 17/04/2012|Автомобили|