Фондот за здравство донесе одлука со која канцелариите на скопската подрачна единица по нова година ќе работат во две смени. Со цел особено на правните лица да им се скрати времето на чекање на шалтерите.
Со цел намалување на гужвите во подрачната служба Скопје решивме да се воводе втора смена, но втората смена ќе биде малку специфична имано ќе работиме со таканаречните големи корисници. Значи во втора смена ќе работат шалтери за сметководствени бироа приватните застани установи со којшто ние имаме склучени договори фирмите, правните лица и сите оние корисници на наши услуги кој се од овој тип.
Што е поентата на ова?
Имено ова се корисници којшто имаат редовна потреба од услугите на фондот којшто редовно доаѓаат во подрачната служба Скопје. Од друга страна времето коешто тие го поминуваат на шалтер е подолго во однос на физичките лица односно пациентите којшто доаѓаат за еднократна услуга значи било за регистрација за вадење на некоја потврда или заверка и поредит тоа се генерира гужва по шалтерите.
На овој начин сакаме да направиме една редистрибуција на луѓето имено можеби по број не се толку многу но нивното време за задржување на шалтер е предолго ќе ги пренасочиме да доаѓаат попладне додека во утринските часови ќе биде резервирано само за физичките лица и за пациентите нормално доколку некој пациент дојде и по попладневите часови ние нема да го одбиеме но апелираме да пациенти доаѓаат во утринските часови шалтерите ќе работат до 19 часот, ќе работи шалтер архива, шалтер за издавање на потврди за платен придонес и пријава и одјава на вработени.
Превземено: Телма
Датум на објавата: 23.12.2012
Термин: 18.30 часот
Автор: Дарко Чекеровски