Гинекологија Работи 24/7

//Гинекологија Работи 24/7

Гинекологија Работи 24/7

Амбулантите на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство работат во две смени, од 8 до 20 часот, а за да се надминат гужвите во чекалните прегледите можат да се закажат и по телефон, додека итните случаи се примаат веднаш. Ова е само дел од воведувањето на новиот начин на работа на здравствените работници во Клиниката кои се целосно посветени и приспособени кон потребите на модерната жена. Како што објасни директорот на Клиниката, др-Саша Јовчевски, април е месец на женското здравје, а со новото сменско работно време и дежурствата ќе се надмине проблемот со гужвите. Според него, со отворање на новиот објект на Гинекологија се обезбеди поквалитетен пристап кон здравствената заштита на сите жени и подобрување на женското репродуктивно здравје.

Со новото работно време, на пациентките им се дава комплетна здравствена услуга 24 часа непрекинато. Смените се целосно покриени не само во амбулантите, туку и операциските сали. Во текот на февруари и март направивме комплетен редизајн во амбулантите со тоа што работат од 8 до 20 часот каде може да се пружи здравствена услуга 12 часа непрекинато  вели Јовчевски.

Тој потсети дека порано имало по три пациентки на програм во сала, а околу 40 пациенти биле прегледувани од 8 до 14 часот. Со новото работно време 40 пациенти добиваат здравствена услуга во период од 8 до 20 часот.

Телефонскиот број за закажување е 02/3228-440 и отворен е секој работен ден од 8 до 16 часот .

Пациентите ќе можат неколку недели однапред да си го планираат сопственото време. Итните пациенти ќе бидат третирани во посебна амбуланта за итни случаи  вели Јовчевски.

Тој се пофали дека за околу 10 проценти е зголемен обемот на работа во новиот објект на Клиниката, и дека располагаат со доволен број на специјалисти. Во моментов нивната бројка е 41 специјалист, а наскоро уште тројца ќе го добијат ова звање. За Јовчевски буџетот со кој располага Клиниката е на исто ниво како и лани, но е сосема доволен. Јовчевски најави дека по прекин од неколку месеци, од идниот месец повторно ќе стартуваат со инвитро оплодување.

Застојот беше заради новата лабораторија која е дел од големата набавка на Министерството за образование и наука. Опремата требаше да биде инсталирана, но и да се прилагоди медицинскиот кадар, за да се работи постапката квалитетно  вели Јовчевски.

[custom_frame_center]Гинекологија Работи 24/7[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 10.04.2012

Автор: В.Ма.

By | 2012-04-10T05:40:33+00:00 10/04/2012|Здравство|