И Македонија Дел од „301 Роуд Трип” на „Пежо”

//И Македонија Дел од „301 Роуд Трип” на „Пежо”

И Македонија Дел од „301 Роуд Трип” на „Пежо”

Дружбата на „Пежо” и граѓаните во Македонија ќе се интензивира во наредниов период. Од „Еуроимпекс” најавуваат дека на плоштадот „Македонија” на петти идниот месец во 16.45 часот ќе се одржи големо интерактивно дружење со новото „пежо 301″, настан што е дел од интернационален пежопроект.

Игор Штерјов и Зорица Серафимовска Арсовска ќе бидат првите лица во Македонија што ќе го возат новото „пежо 301″. Тие по пат на кастинг беа избрани од гостите на „Еуроимпекс”, во рамките на интернационалниот проект „301 роуд трип”, а со тоа ќе добијат ВИПтретман и ќе го управуваат моќникот на релацијата Охрид Скопје. Со овој избор, Игор и Зорица се лицата што ќе го обележат пристигнувањето на новиот модел на „Пежо” и ќе остават историски белег за брендот.

Во период од десет дена, апликацијата за учество во изборот беше достапна на Интернет за сите заинтересирани. Имаше повеќе предуслови што апликантите требаа да ги исполнат. Еден од поважните беше апликантот да има над 25 години, да има широк круг пријатели во животот и на социјалните мрежи, да е духовит и друштвен. Комисијата за избор вклучуваше шест лица од менаџерскиот тим на „Еуроимпекс” и трите заштитни лица и членовите на пежосемејството во Македонија: Каролина, Калиопи и Влатко Лозаноски  велат од „Еуроимпекс”.

Од компаниј ата се задоволни од квантитетот и квалитетот на профилот на апликантите и појаснуваат декатокму поради тоа изборот меѓу многуте одлични луѓе бил сериозно тешка задача.

Тие освоија место во автомобилот и ние срдечно им честитаме. Но, дружбата на „Пежо” и граѓаните во Македонија продолжува понатаму. Затоа, Ве очекуваме на плоштадот „Македонија” на петти идниот месец во 16.45 часот на инте ра ктив но дру же ње со но во то „пе жо 301″  изјави Ивана Манчева, маркетингдиректорка на „Еуроимпекс”.

Проектот „301 роуд трип” е интернационален проект, чиј концепт е поставен од страна на „Аутомобилес Пежо”. Тој ќе минува низ 18 држави и три континенти. Во проектот се предвидени две екипи, првата ќе движи кон север, а втората кон југ. Двете екипи ќе тргнат од Турција на први ноември годинава. Македонија е дел од јужната екипа, којаредоследно ќе мине низ следниве десет држави: Турција, Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Италија, Тунис и Мароко. Во Македонија ќе минат три возила „пежо 301″, од кои едно возило ќе биде управувано од две лица жители на државава што беа избрани по пат на кастинг, а преостанатите две возила ќе бидат управувани од професионални возачи од „Аутомобилес Пежо”. Целата екипа ќе ја сочинуваат: познати лица од Македонија, професионални возачи и продукцискиот тим (камермани, фотографи, монтажери, графичари) од компанијата, а комплетната организациј а на настанот во Македонија ќе биде извршена од „Еуроимпекс”, генерален увозник на „пежо”.

[custom_frame_center]И Македонија Дел од „301 Роуд Трип" на „Пежо"[/custom_frame_center]

Превземено: Нова Македонија

Датум на објавата: 31.10.2012

By | 2012-10-31T02:26:17+00:00 31/10/2012|Автомобили|