Карфур се Служи со Измами!

//Карфур се Служи со Измами!

Карфур се Служи со Измами!

Само што се појави на македонскиот пазар, а Карфур почна со измами. Имено, во рамките на Сити мол работи маркетот кој беше најавен како дел од познатиот француски ланец маркети, познат под името Карфур.

Маркетот кој работи под тоа име не е дел од францускиот трговски ланец, а логото, називот Карфур го користи само привремено додека не се пробие на македонскиот пазар. Сопственик на маркетот е грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција. Со овој Карфур, во Скопје, освен тоа менаџира бугарска група која нема ништо заедничко со Французите.

Освен со лажната промоција низ познат европски бренд, Карфур врши измами на македонскиот пазар и со цените на производите. Имено, од стотиците артикли неколку десетици артикли, и тоа сите од македонски производители, се продаваат по цени помали од набавните. Ова, на прв поглед, е добро за дел од купувачите кои се токму за нив заинтересирани. Но, трговците кои легитимно работат и се претставуваат во свое име, како Тинекс, Веро, Скопски пазар или Камфуд… имаат проблем затоа што конкуренцијата им продава артикли под дампинг цени и го нарушува пазарот надвор од трговските и законските прописи.

Ова резултира со најави на Тинекс, Веро, Скопски пазар… до производителите на овие артикли дека нема да набавуваат од нив бидејќи истиот производ им го даваат на Бугарите од Карфур со непазарно мали цени. Ваквата најава може сериозно да ги загрози производителите од Македонија бидејки најголема продажба остваруваат преку наведените трговски ланци, а не преку грчко-бугарскиот таканаречен Карфур. Тоа, секако се одразува и на работните места кај производителите и нивните бизнис-планови.

Деновите производителите се подготвуваат да престанат со испорака кон Карфур доколку не се држи до договорите  да продава според пазарни цени, бидејќи начинот на кој почнале да работат го нарушува пазарот и севкупните бизнис интереси во производството и трговијата.

Инаку Сити мол, освен лошата изведба, пукнати цевки и невидена нечистотија на просторот во и околу објектот… би требало да одговори и дали условите под кои се тука Зара и неколку други сестрински шпански компании се еднакви со условите на закуп кои важат за сите други. Ви било непријатно македонските фирми да плаќаат закуп под едни, а Шпанците под сосема други услови и, патем, можеби и да им се гарантира проситност во првите години.

Агенцијата за монопол беше активна, несекојдневно брутална кон монополското однесување кај некои фармацевти, меѓу кои секако не спаѓа омилената им Промедика. Дали и кај Карфур и Сити мол ќе се појавата со заклучоци за нарушување на пазарот, ќе видиме.

[custom_frame_center]Карфур се Служи со Измами![/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 15.10.2012

By | 2012-10-15T05:49:38+00:00 15/10/2012|Маркети|