Ќе има ли Окта гориво. Иран прекина со испорака на нафта но сопственикот на скопската рафинерија Хеленик Петролеум според тамошните медиуми заради неплатени сметки речиси половина од суровата нафта грчката компанија ја набавува од Иран но рафинеријата нема одговор дали на Македонија и се заканува недостиг на гориво.
Ќе остане ли Окта без нафта. Иранската телевизија Прес ТВ денеска пренесе дека Иран прекинува со испорака на нафта за двете најголеми грчки нафтени компании. Хеленик Петролеум и Мотороил Елас бидејќи имаат неплатени сметки. Хеленик која е мајка фирма на Окта воедно ја снабдува и со сурова нафта користи дури 40 отсто од иранскиот енерген.
Дали ова ќе значи недостаток на македонскиот пазар со нафта со оглед на тоа дека грчката рафинерија покрива неверојатни 90% од големопродажбата на нафтени деривати во државата. Тоа практично значи дека освен Лукоил и некои мали бензински пумпи останатите компании купуваат нафта од грчката компанија.
Дали Македонија ќе остане без нафта денеска немаше одговор од Окта. Тие повторно останаа недостапни за јавноста. Без кометар денеска остана и регулаторната комисија за енергетика. Освен во Македонија Окта покрива 80 отсто од Косово и од одредени количини во Србија и Албанија. Според иранската телевизија главни потрошувачи на иранската нафта во западна Европа се Италија, Шпанија и Грција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=xSi9HWA_hcY
Превземено: Сител
Датум на објавата: 05.04.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Марина Доковска