Ќе Заживее ли Трансплантацијата на Органи во Земјава

//Ќе Заживее ли Трансплантацијата на Органи во Земјава

Ќе Заживее ли Трансплантацијата на Органи во Земјава

Се е подготвено за да заживее трансплантацијата на органи во земјава. Пари се обезбедени, стручните тимови се подготвени. Според здравствени власти се е во рацете на новинарите – тие ќе бидат задолжени да ја подигнат свеста кај граѓаните за да заживее трансплантацијата со орган од друг дарител.

Пет трансплантации на Детска хирургија на бубрези и црн дроб, 20 трансплантации на бубрези на Урологија, 11 трансплантации на коскена срцевина на Хематологија. Фондот обезбеди дополнителни средства за 70 кадаверични трансплантации, односно за една трансплантација Фондот ќе им исплаќа на клиниките од 600.000 до 1 милион. Парите се обезбедени, стручниот тим треба да почне со трансплантации кај болните, известуваат од Фондот и Министерството за здравство.

По законските акти 13 денеска ги дематиравме тоа ќе бидат одредби кои што ќе треба да ги донесе владата на РМ, тие се подготвени меѓутоа ние сакаме да добиеме широка дискусија во стручната јавност за да не се случи да нешто пропуштиме што е битно, вели министерот за здравство, Никола Тодров.

Здравствените власти очекуваат 2013 години да биде година на трансплантации, дотогаш се очекува да бидат прецизирани и сите поѕаконски акти со цел да заживее и трансплантацијата на земање орган од друг дарител. Ќе се организира и кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за донирање на органи.

Ова е врв на хуманоста треба вие да ја доловите на сите, дека со малку крв од вас како коскена срцевина може да се спасите дечиња, а да не зборуваме за жив донор, понатаму да го развиваме и што значи тоа после нас при евентуално мозочна смрт да спасиме многу животи. Тоа е нешто што е во ваши раце, порача Маја Парнарџиева, директорка на Фондот за здравство.

Поддршката од новинарите за трансплантацијата на органи е веќе докажана, но менталитетот на граѓаните ќе биде пресуден да се прифати решението донаторот да има дадено писмена согласност кај матичниот лекар за донирање органи во текот на својот живот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=0xzm73bvzao

Превземено: Канал 5

Датум на објавата: 10.04.2012

Термин: 18.20 часот

Автор: Мирјана Поповска

By | 2012-04-11T01:40:23+00:00 11/04/2012|Здравство|