Конечно На Лекар Ќе Се Оди Без Сини Картони

//Конечно На Лекар Ќе Се Оди Без Сини Картони

Конечно На Лекар Ќе Се Оди Без Сини Картони

Нов интернетсервис за проверка на здравственото осигурување на осигурениците воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Како што информираат од оваа здравствена институција тоа е чекор кон укинувањето на сините картони и кон воведувањето на ездравство. На вебстраницата тоеоѕјдигиуапје.Тго.огд.тк пациентите ќе можат да проверат до кога им е платен придонесот, статусот на осигурувањето и името на матичниот лекар, стоматолог и гинеколог.

-Основната цел на овој сервис е скратување на времето, намалување на гужвите и полесно остварување на правата како на осигурениците така и на избраните лекари вели Маја Парнарџиева – Змејкова, директор во ФЗОМ, и додава дека на овој начин се продлабочува соработката и довербата помеѓу осигурениците, избраните лекари и Фондот.

Таа нагласи дека овие активности се дел од проектот „Мое осигурување, мој доктор”, што е чекор кон укинување на сините картони, чекор кон воведување на ездравство, но и полесно остварување на правата. Со бесплатна проверка на здравственото осигурување на осигурениците ќе нема потреба од употреба на сино картонче.

-Вебсервисот ќе можат да го користат и матичните лекари за да проверат дали е комплетно ажуриран статусот на осигуреникот и дали тој како матичен лекар фигурира во системот на некој пациент. Сервисот се изработуваше подолго време по барање и на иницијатива на матичните лекари, а неговата примена ќе биде за сите осигуреници – посочи Парнарџиева – Змејкова.

На веб-страницата тоеоѕјдигиуапје.јго.огд.тк пациентите ке можат да проверат до кога им е платен придонесот, статусот на осигурувањето и името на матичниот лекар, стоматолог и гинеколог.

Таа укажа дека со воведување на овој веб-сервис ќе се елиминираат досегашните злоупотреби преку фалсификување потпис на осигуреникот. Парнарџиева – Змејкова појасни дека со добивањето на единствениот здравствен, што ќе се добие со воведувањето на електронската здравствена картичка, процедурата ќе биде поедноставена, а дотогаш осигуреникот за проверката ќе го користи бројот на здравствената легитимација.

Таа вчера информираше дека Фондот има добиено и обработено околу 700.000 апликации за електронска здравствена картичка за речиси цела јавна администрација, за пензионерите и невработените.

– Во моментот очекуваме потпишување договори во Министерството за здравство и правилник за утврдување на цената на картичката. Минатата година имаме издадено 50.000 здравствени картички, додаде Парнарџиева -Змејкова.

[custom_frame_center]Конечно на лекар ќе се оди без сини картони[/custom_frame_center]

 

Извор: Vecer

Датум на објава: 17.05.2012

By | 2012-05-17T08:41:17+00:00 17/05/2012|Здравство|