Македонското Млеко се Стреми кон Европскиот Квалитет

//Македонското Млеко се Стреми кон Европскиот Квалитет

Македонското Млеко се Стреми кон Европскиот Квалитет

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Само со беспрекорно здрави и квалитетни производи можеме да имаме лојални потрошувачи, вели Сашо Василевски.

Летото е критичен период за консумација на млеко и млечни производи. Колку е важна примената на стандардите за квалитет во процесот на производство во овој период?

Квалитетот и безбедноста на производите „Бимилк“ е императив и крајна цел на сите наши активности. Само со беспрекорно здрави и квалитетни производи можеме да имаме лојални потрошувачи. Токму затоа настојуваме системот за управување со квалитетот да биде на највисоко ниво, во согласност со стандардот ИСО 9001 : 2008 како основа за производството во една млекарница. Високите температури можат да влијаат на рокот на траење на производите како и на самиот квалитет, и затоа во овој период треба да се обезбеди беспрекорен ладен синџир од примарно производство, па се’ до крајните потрошувачи. Софистицираниот и високо технолошки процес на производство во млекарницата во Битола овозможува брза идентификација, анализа на ризикот и со помош на воспоставениот систем на управување на процесите, систематско пристапување и строга контрола која е беспрекорна. До крајот на годинава очекуваме да биде имплементиран системот ИФС како највисок светски систем за храна.

Кои се главните моменти во производството кои обезбедуваат до купувачите да стаса квалитетен и безбеден производ?

Млечните производи на „Бимилк“ се единствените од Македонија присутни на пазарот во Европската унија. Тоа подразбира дека мора да биде имплементиран и сертифициран ХАСАП-систем. „Бимилк“ има имплементиран и сертифициран ИСО 22 000 систем. Тоа се всушност највисоките светски системи кои ја гарантираат безбедноста на производот преку максимална контрола на сите ризични точки низ потполна следливост на целиот процес од самиот прием до крајниот потрошувач.

Дали зголемениот увоз на млеко ја загрозува продажбата на домашно млеко?

Како и кај другите пазари во Југоисточна Европа, увозот на финални добра претставува значаен дел од домашната потрошувачка. Лесно е да се предвиди дека следува поголема либерализација на меѓународните пазари: отворање на пазарите, симнување на увозно-извозните царини и генерално зголемување на меѓународната трговија. Преку увозот и извозот му се нуди на современиот купувач потребниот избор и се креира здрава конкуренција. Побарувачката треба да биде соодветно задоволена, но пред се’ со квалитетен млечен производ. За Млекарницата во Битола „Бимилк“ долгорочните цели се врзани со раст на откупот на домашно млеко, преработка и продажба во Македонија и на пазарите во регионот. Како членка на системот „Имлек“ ја користиме синергијата што ја имаме во нашиот систем и наша заедничка цел е да го поттикнеме домашното производство.

Каков е квалитетот на млекото произведено во Македонија во споредба со увозните?

Во изминатите години имавме тренд на континуирано подобрување на квалитетот на млекото, со што се приближуваме кон стандардите на ЕУ. Последниве години има стагнирање на овој тренд што е резултат на општата криза за млеко. Сметаме дека квалитетот на млекото во Македонија може да биде уште подобар, да биде на ниво на квалитетот на млекото во ЕУ, и тоа е основа за развој на овој пазар. Кон подобар квалитет се насочени сите наши активности. Одамна имаме инсталирано т.н. „леден синџир” за откуп на сурово ладено млеко низ целата држава, неодамна од европскиот пазар набавивме околу 600 јуници, високомлечни и стелни грла со добар генетски потенцијал, во две фарми инсталиравме посебен софтвер кој ќе овозможи следење на финансиските резултати и ефекти на фармата и други активности кои имаат за цел подобар квалитет и поголема млечност по крава.

Ќе се зголеми ли цената на млекото по последните поскапувања на енергенсите?

Годинава сме сведоци на раст на цените на суровините во речиси сите индустрии, каде што не е исклучок и млечната индустрија. Основните покачувања на цените на суровото млеко, енергенсите и репроматеријалите имаа значително влијание, не само во регионов туку и пошироко. Во текот на целата година настојуваме зголемувањето на трошоците да го компензираме со поголема ефикасност во работењето и ефективност во производството, а притоа да го задржиме високиот квалитет на нашите производи и одличниот однос со коминтентите, што резултира со зголемена конкурентност на нашите производи.

[custom_frame_center]Македонското Млеко се Стреми кон Европскиот Квалитет[/custom_frame_center]

Превземено: www.utrinski.com.mk

Датум на објавата: 25.07.2012

Автор: Сања Наумовска

By | 2012-07-27T10:14:21+00:00 27/07/2012|Млеко|