Маркет и Катна Гаража на Местото на Бит-Пазар

//Маркет и Катна Гаража на Местото на Бит-Пазар

Маркет и Катна Гаража на Местото на Бит-Пазар

Проблемот со нехигиената околу Бит-пазар, продажбата на картонски кутии на тротоарите, постојаните расправии оо полицијата и со инспекцијата, остануваат секојдневие во овој реон се до изградбата на модерен затворен пазар. А на такво нешто ќе се почека се до усвојување на урбанистичкиот план „Мавровка” од Општината Чаир каде што не прецизираат кога точно планот со ова нацртрешение ќе се најде на дневен ред на седница на Советот.

Од „Скопски пазар” велат дека се подготвени за реализација на оваа идеја за која се зборува веќе една деценија, но постојано се одложуваше поради измени во плановите, како и поради територијалната поделба, со која пазарот од надлежност на Општина Центар падна под ингеренции на Чаир. Изготвиле и идејно решение.

Во согласност со него имаме намера во иднина да пристапиме кон нова инвестиција за реконструкција и за адаптација на постојниот пазар во нов, со сите атрибути на современа локација за пазарење  изјавија од оваа компанија.

Идејното решение било позитивно оценето и од Општина Чаир. Градоначалникот Изет Меџити изјави дека не се работи за значајни измени во планот „Мавровка”, но дека процедурата за измена е во тек. Како што вели, долг период тапкала в место поради обезбедување конзерваторски основи за дел од овој локалитет. А од Конзерваторскиот завод, пак, долг период биле ангажирани околу новиот нацрт на Генералниот план за Скопје.

Сега тоа заврши и тие веќе ќе работат на конзерваторските основи. Да беа поенспедитивни до сега ќе беа готови и измените. Се надевам дека за дватри месеци процедурата ќе биде готова и „Скопски пазар” ќе може да ја. реализира идејата и ќе исчезне и онаа грда глетка која боде очи, односно продавањето на картонски кутии  изјави Меџити.

Раководителот на одделението за спроведување на урбанистичките планови во Чаир, Арбен Речица, објасни дека според важечкиот план урбаната парцела на која ќе се протега затворениот пазар е 8.500 квадратни метри. Висината на објектот е зацртана на девет метри  приземје и кат.

Инвестиција од 10 милиони евра

Во однос на идејниот проект, од „Скопски пазар” информираа дека модерниот затворен Бит-пазар ќе претставува деловен простор со нови тезги, кој ќе ги опфати како постојните така и новите корисници.

На приземјето ќе се продаваат свежи производи, овошје и зеленчук, а на првиот кат непрехранбени производи. Паркирањето го планираме во рамки на постојната локација со изградба на мала катна гаража во согласност со стандардите за ваков тип објекти  појасни Сашо Давитковски, претседател на Управниот одбор на „Скопски пазар”.

Оваа инвестиција би чинела 10 милиони евра.

[custom_frame_center]Маркет и Катна Гаража на Местото на Бит-Пазар[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 26.09.2012

Автор: Ангела Петрова

By | 2012-09-26T06:23:54+00:00 26/09/2012|Маркети|