Министерството за Здравство Почнува со Скрининг на Рак на Дебелото Црево

//Министерството за Здравство Почнува со Скрининг на Рак на Дебелото Црево

Министерството за Здравство Почнува со Скрининг на Рак на Дебелото Црево

Министерството за здравство почнува скрининг на карцином на дебелото црево, со кој се опфатени лицата со ризик-фактори на возраст од 50 до 74 години. Во оваа ризична група влегуваат лица кои во семејството имале заболени од карцином, или пак, кои се жалат на проблеми и крварења во столицата и други слични симптоми.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, информираше дека статистиката покажува дека ракот на дебело црево е еден од најчестите малигни заболувања, а во Македонија, на годишно ниво, има над 600 новозаболени лица со рак на дебело црево.

“Согледувајќи ја оваа состојба, а со цел што порано дијагностицирање на ова малигно зболување, кога се поголеми и шансите за негово излекување, годинава за првпат почнуваме со ваков вид скрининг, за кој се набавени 108.000 ФОБТ тестови, со кои ќе се опфатат 36.000 пациенти. Вредноста на тестовите изнесува 5,8 милиони денари. Како што кажав, тестовите се наменети за лицата со ризик-фактори, на возраст од 50 до 74 години (по 3 теста за пациент), со цел детекција на првите симптоми, изразени преку мало крварење во столицата“, изјави Тодоров.

Додаде дека во тек е дистрибуција на тестовите до матичните лекари, кои имаат обврска да ги информираат ризичните пациенти за можноста за скрининг, односно ќе ги советуваат пациентите со посочените ризик-фактори да направат три последователни ФОБТ тестови. Сите пациенти кај кои ќе биде добиен позитивен наод ќе бидат упатени од страна на матичниот лекар на дополнителни испитувања, за утврдување на причината на крварењето.

[custom_frame_center]Министерството за Здравство Почнува со Скрининг на Рак на Дебелото Црево[/custom_frame_center]

Превземено: www.netpress.com.mk

Датум на објавата: 23.05.2012

By | 2012-05-25T03:33:06+00:00 25/05/2012|Здравство|