Нов супермаркет од синџирот „ДОН“ во Охрид

//Нов супермаркет од синџирот „ДОН“ во Охрид

Нов супермаркет од синџирот „ДОН“ во Охрид

Денеска во Охрид беше отворен нови супер маркет од ланецот маркети на компанијата „Дон“, извести локалниот портал „ohridpress.com.“

Новиот двокатен продажен објект е со површина од околу 900 метри квадратни. На приземјето се наоѓаат прехранбените производи и другите производи за домаќинство, а на горниот кат се произиводите од пластика, играчки, кујнски прибор, хартија, училиштен прибор, постелнина и слично.

Во моментов ова е најголемиот маркет во Охрид, кој има и сопствен паркинг за триесетина возила.

Според сопственикот Дончо Бауловски, компанијата планира во иднина да започне со сопствено производство на одредени производи и увоз.

„Дон“ маркети досега се отворени во Охрид, Струга и Скопје, а во текот на идната година е планирано отварање на маркети и во Струмица и Битола, како и уште еден објект во Скопје.

Станува збор за најпосетуван ланец за супермаркети во југозападниот дел на Македонија. Покрај супермаркетите, компанијата поседува и ланец на мали продавници познати под брендовите „Дампинг“ или „Мини ДОН.“

[custom_frame_center]Нов супермаркет од синџирот „ДОН“ во Охрид[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 20.11.2012

By | 2012-11-20T12:25:51+00:00 20/11/2012|Маркети|