Нови 54 Лекови со Рецепт без Доплата

//Нови 54 Лекови со Рецепт без Доплата

Нови 54 Лекови со Рецепт без Доплата

Фондот за здравство утврди 54 нови лекови кои со рецепт ќе може да се добијат во аптеките без парична доплата, а до крајот на летово ќе биде утврдена и дополнителна листа. Од први јули вкупно 700 лекови ќе бидат со доплата до 50 денари, изјави денеска директорката на Фондот Парнаџиева Змејкова.

Фондот за здравствено осигурување утврди нови референтни цени за лековите од позитивната Листа. За 54 нови лекови нема да се плаќа доплата со шот вкупниот број на лекови кои ќе се купуваат без доплата изнесува 382 или 41 % од сите лекови на рецепт.

Значително намалување има и кај лековите за кои треба да се доплати од 1 до 50  денари со што од вкупно 900 лекови на позитивната листа 700 се или без или со доплата до 50 денари.

Станува збор за хормонски препарати, антибиотици, лекови за трансплантација, дијализа  и друго:

-Околу 20-тина лека што биле со доплата до 50 денари веќе не се, потоа за лекови што имале доплата од 100 до 500 денари намалени се за 100-тина лекови (порано биле 200 лекови кои што имале доплата од 100 до 500 денари, сега се 100-тина лека). За доплатите од 500 до 1000 денари порано биле 31 лек, сега се 20 лека. А за тие па што се со 1000, 2000 доплати практично гледате дека скоро и исчезнуваат.

Со последната ревизија не цените повеќе нема лекови со доплата од 2000 до 3000 денари а доплата поголема од 3000 денари има само еден лек:

-Бројни производители ни најавија, кога видоа како нивните конкуренти ги намалиле цените, бројни производители ни најавија дека сега веќе комуницираат со своите централи да кажам и ги прават анализите за и тие уште да ги намалат, и тоа ќе имаме,… Тоа значи дека овој бран ќе предизвика уште неколку подобрувања во некои сегменти, во некои генерики. За тоа дополнително ќе ги видиме очекувам до август да ги видиме ефектите.

Новите цени според Парнаџиева се усогласени со цените во регионот, а осигурениците лековите ќе може да ги купуваат од први јули односно од први август по добивање согласност од министерството за здравство.

Со новите референтни цени се очекува дополнително зголемување на конкуренцијата на пазарот, како и зголемување на лековите за кои ќе се плаќа помала доплата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=gflkpp0QYN4

Превземено: Телма

Датум на објавата: 27.06.2012

Термин: 18.30 часот

Автор: Виолета Зајкова

By | 2012-06-28T00:59:26+00:00 28/06/2012|Здравство|