Помош за Фармерите за Спас на Млечната Индустрија

//Помош за Фармерите за Спас на Млечната Индустрија

Помош за Фармерите за Спас на Млечната Индустрија

Лошото искуство со Сведмилк ги натера фармерите да го намалат бројот на крави. Тоа што млекарата има нов сопственик од Турција не значи дека проблемот е решен коментираат земјоделски експерти. Советот за турските газди е да не ги остават фармерите да работат стихијно, туку однапред да вложуваат во нивното производство.

Зголемување на субвенциите за женски грла и финансиска помош од новиот сопственик на Сведмилк, турски Суташ, им се потребни на фармерите, за да се подобри состојбата во млечната индустрија, порачуваат земјоделски експерти. Предупредуваат дека фармерите се помалку одгледуваат крави, зашто се исплашени дека ќе ја доживеат истата судбина како со шведската млекара. Само во последните пет години бројот на крави и стелни јуници е намален за 15 илјади.

Фармерите кои се најпогодени од пропаѓањето на Сведмилк и побаруваат 4 милиони евра, не се оптимисти дека со продажбата на Сведмилк, ќе ги добијат парите за откупеното млеко.

– Проблемот е сложен навистина, самото отворање не решава многу. Ако се воспостават кооперанстки односи во смисла откупувачот односно турскиот вложувач може да направи не само непостоење ризик да ги остави самите, него да вложува, однапред да им дава да прават договори во кои би ги финансирал во производството на храна, а за возврат турските инвеститори да добијат сигурен извор на суровина. Субвенциите кои ги добиваат од владата да ги насочат не за нешто друго него навистина женски грла, па да се зголеми бројот кој за 2-3 години би се претвориле во, да речеме во млечни крави, вели професорот Јован Аждерски од Земјоделскиот факултет.

Професорот Аждерски вели дека Македонија е далеку под просекот за производство на млеко во споредба со европските земји. Иако податоците на статистика покажуваат дека производството на млеко се зголемува, во земјава годишно се произведуваат 2800 литри млеко по крава, додека во Европа стигнува и до 10 илјади литри.

httpv://www.youtube.com/watch?v=bLBn5ZYuXOs

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 08.04.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марија Мининчиќ

By | 2012-04-09T03:57:15+00:00 09/04/2012|Млеко|