Porsche Cayenne и Panamera во Македонија

//Porsche Cayenne и Panamera во Македонија

Porsche Cayenne и Panamera во Македонија

Деновиве вреди да се посети изложбениот салон на застапникот на групацијата Volkswagen за Македонија, компанијата Porsche Makedоnija каде се изложени најпосакуваните модели на Porsche.

Погодувате станува збор за спортскиот теренец Cayenne и спортската лимузина Panamеra кои пристигнаа на македонскиот пазар. До сега за нив пишувавме повеќепати, но вредат за повторно да се потсетиме.

Новиот Porsche Cayenne го поткрева имиџот изграден од претходникот на повисоко рамниште, како стилски така и технолошки. Покрај класичните верзии сега Cayenne се нуди и како хибрид.

Во понуда се следните модели од бензинците обичниот Cayenne со 3.6 литарски V6 бензинец со 300 КС, следи Cayenne S со 4.8 литарски V8 со 400 КС и Cayenne Turbo со 4.8 литарски битурбо V8 со 500 КС.

Porsche Cayenne Hybrid ги комбинира 3.0 литарскиот V6 турбо бензинец со 333 КС и електричниот мотор од 47 КС, додека Cayenne Diesel се задоволува со 3.0 V6 TDI со 240 КС.

Panamera пак доаѓа во вкупно девет изведби со атмосферски и трубо бензинци со распон на моќност од 300 до 550 КС, со турбо дизел од 250 КС и како хибрид користејќи ја истата технологија на паралелен хибриден систем како во Cayenne.

Како што наведовме на почеток двете возила можат да се видат во изложбениот салон на Porsche Makedonija, a цените можат да се дознаат на лице место. Па кој милува нека повели.

[custom_frame_center]Porsche Cayenne и Panamera во Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: www.vozi.com.mk

Датум на објавата: 15.03.2012

By | 2012-03-16T07:26:48+00:00 16/03/2012|Автомобили|