Здравство: Реализација на Нeодамна Најавените Вработувања

//Здравство: Реализација на Нeодамна Најавените Вработувања

Здравство: Реализација на Нeодамна Најавените Вработувања

Неодамна најавените вработувања на специјалистите лекари за 1 недела ќе се реализираат. Тодоров најави, ја чекам согласноста од Министерството за финансии, за најавените 200 вработувања.

Најавените 200 вработувања на специјалисти во државните болници и амбуланти, наскоро треба да се реализираат, откако според најавите на министерот за здравство ќе добие согласност од Министерството за финансии.

Се бараше дефицитарен кадар, завршени специјалисти и специјализанти, кои се при крај за да се пополнат местата што се испразнија поради пензионирање и одлив на кадарот во приватните болници. Се прават дополнителни анализи за распоредување. Верувајте тоа е една од потешките работи, затоа што огромна е потребата во здравството од кадара. А сакам да направиме распределба која ќе овозможи да се одговори на најлошите точки кои постојат во здравството, односно онаму каде што има најголем недостаток. Очекувам дека во нареднава недела дена веќе целата таа работа ќе биде завршена и ќе бидат одобрени согласностите од Фондот за здравствено осигурување, а потоа и од Министерството за финансии, изјави Тодоров.

Пропустите поради тоа што до сега не се водело сметка за испразнетите места, ќе се решаваат и со нови специјализации според анализите кои струки се дефицитарни. Министерот најави дека ќе одобри 600 нови специјализации за наредниве 5 години. Радиологија, анестезиологија, гинекологија, патологија, вели Тодоров.

Наскоро под дефинирање на здравствената мрежа, приватни доктори и специјалисти ќе станат концесионери и ќе работата со сини картони во регионите каде што ги нема во доволен број.

httpv://www.youtube.com/watch?v=mCFlnTbfV2c

Превземено: МТВ

Датум на објавата: 22.03.2012

Термин: 17.00  часот

Автор:  Соња Стојановска

By | 2012-03-23T05:03:22+00:00 23/03/2012|Здравство|