Револуционерен Сити Кар од Chevrolet

//Револуционерен Сити Кар од Chevrolet

Револуционерен Сити Кар од Chevrolet

General Motors го искористи салонот во Пекинг за да го покаже дизајнот на ултракомпактниот градски автомобил (ситикар) Chevrolet ENV 2.0. Чудниот модел е еволуција на концептите ENV, прикажани од Американците на саемот World Expo 2010 во Шангај во 2010 година. Двоседечките капсули, кои во претходните варијанти имаа две, веќе се трансформирале во возила со четири тркала. Според претседателот на General Motors, Кевин Јеил, тоа е револуционерен концепт за мобилност во големите мегаполиси, а неговата имплементација ќе реши многу актуелни проблеми во метежите, како и загадувањето на воздухот.

Кратенката ENV значи Electric Networked Vehicle, а ова се однесува не само за погонот, туку и за комуникациските системи, во кои главна улога ќе игра интернетот. Идејата е машините да бидат целосно автономни и да се ракува со нив со сателитски навигација. Тие ќе бидат меѓусебно поврзани, а исто така и со патната инфраструктура, од која ќе влечат податоци. На овој начин ќе се избегне сообраќајниот метеж, полесно ќе се најдат места за паркирање и ќе се намалат несреќите на патот. Електричниот ENV 2.0 има клима уред и посебен пристап кон инструментите од возачот и совозачот. Двајцата ќе имаат пристап до социјалните мрежи и услуги преку интернет. Машината ќе може да се управува како рачно, така и автоматски. Првите 3 прототипи се изградени од GM во соработка со кинеската автомобилска компанија SAIC и американската фирма Segway. Тестовите ќе почнат во прво време во Кина, но партнерите во проектот сакаат да ги лансираат во целиот свет.

[custom_frame_center]06.pdf_1[/custom_frame_center]

Превземено: Авто експрес

Датум на објавата: 07.05.2012

By | 2012-05-07T06:13:06+00:00 07/05/2012|Автомобили|