Седум Години Рамстор Македонија

//Седум Години Рамстор Македонија

Седум Години Рамстор Македонија

Рамстор Македонија од вчера до 13 јуни, заедно со своите потрошувачи, ќе го прослави седмиот роденден преку инвентивна и забавна кампања. Потрошувачите ќе можат да фаќаат подароци со врзани очи во специјална проѕирна ураган-кабина во која 15 секунди ќе циркулираат купони.

За да учествуваат во кампањата тие треба да приложат фискални сметки во вредност од 1.500 денари издадени истиот ден во некој од локалите или во маркетот во ТЦ “Рамстор”. Ќе бидат доделени голем број награди: ЛЦД-телевизори, лаптопи, електрични апарати, плејстејшн, нинтендо, вредносни ваучери…

Трговскиот центар “Рамстор Македонија” почна да работи на 11 јуни 2005 година. Тој е дел од синџирот малопродажни супермаркети на Мигрос Турк Т.А.Ш. Компанијата соопшти дека има долгорочни планови за работа и експанзија во Македонија, а трговскиот центар и хипермаркетот во центарот на Скопје и во Тетово се само почеток од создавањето синџир која во наредните години очекува да биде присутен на повеќе места во државата.

[custom_frame_center]Седум Години Рамстор Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 31.05.2012

By | 2012-06-02T06:15:44+00:00 02/06/2012|Маркети|