Со Ултразвучен Скалпел ќе се Отстрануваат Крајници

//Со Ултразвучен Скалпел ќе се Отстрануваат Крајници

Со Ултразвучен Скалпел ќе се Отстрануваат Крајници

Со новиот ултра звучен скалпер безболно ќе се острануваат крајниците кај децата. Вакви апарати кје добијат и детските клиники во Штип, Тетово и во Струмица.

Одделот за педијатарска оториноларингологија доби нов апарат ултразвучен скалпел. Овој апарат кје ги олесни процесот на операции на крајници кај деца.

Клиниката има 24 часовен мониторинг на оперираните деца, има двајца дежурни лекари специјалисти и тоа е еден огромен придонес. Дневно оперираме по четири деца. Имаме околу 30 деца неделно, рече Елена Димеска шеф на Одделението за детска оториноларингологија.

На клиниката за уво, нос и грло се промовира новиот оддел за педијатарска оторинолариголгија.

Министерот Тодоров најави дека вакви апарати кје има и во Штип, Тетово и Струмица.

Сакам да изразам задоволство од начинот на функционирање на Клиниката, од посветеноста на директорот, на целиот тим, на сите доктори специјалисти кои имаат вложено голем труд. Постои еден силен ентузијазам за унапредување на работата на Клиниката преку континуирана медицинска едукација, инвестирање во себе, во знаење, во вештини, во нови методи и во здравствената инфраструктура изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Покажавме дека во услови кога се работи професионално и домакински постојат шанси она што е неопходно и потребно да го реализираме, изјави д-р. Никола Николовски, директор на Клиника за грло нос и уво. Реновирањето на Оделот е направено со средства од донации, Клиниката за грло нос и уво и министерство за здравство.

Превземено: Канал5

Датум на објавата: 20.12.2012

Термин: 18.00 часот

Автор: Мирјана Мирчевска Јовановиќ

By | 2012-12-21T11:55:09+00:00 21/12/2012|Здравство|