Тодоров во Борба Против Фармацевтската Мафија

//Тодоров во Борба Против Фармацевтската Мафија

Тодоров во Борба Против Фармацевтската Мафија

Министерот за здравство Тодоров денес најави остра борба против мафијата во фармацијата и секако злоупотребата на монополската положба. Би сакале ваква остра најава да имаме и за злоупотребата на монополската положба кај енергенските особено кај оние што се бават со трговија и продажба на гас, на нафта и нафтени производи а најособено на Топлификација која дилува заедно со сите тие.

Голема афера во јавните набавки на лекови и медицински помагала. Министерот за здравство открил дека неколку здравствени установи подолг период за ист лек склучувале договори со двајца или тројца добавувачи, со години постоел монопол на неколку веледрогерии и често биле фаворизирани исти компании во делот на набавките.

Тодоров не знае колку со овие злоупотреби е оштетен здравствениот систем и колку се обогатиле фаворизираните  компании. Вели ја продолжува битката со фармацевтската мафија и  целокупниот материјал ќе го достави до Комисијата за заштита на конкуренцијата.  Здравството ќе го спасува со низа мерки кои  мора да ги почитуваат сите.

Има тендер и на тендерот за една иста работа се доставуваат понуди од двајца или тројца или четворица економски оператори по иста цена. Потоа постапката е дека треба да се оди на електронска аукција. На електронска аукција се оди меѓутоа ниту еден од економските оператори не ја намалува цената, вели Никола Тодоров министер за здравство.

Електронска набавка со електронска аукција каде ако има повеќе компаниисо иста цена ќе биде избрана онаа што прва се пријавила. Ако од оправдани причини набавката не била електронска, тогаш од повеќето со иста цена со ждрепка ќе се бира оној со кој клиниката ќе склучи договор.

Имајќи предвид дека сме свесни дека и тука може да има некоја усогласено однесување и договарање за свери на влијание односно кои во која клиника ќе поднесе понуда другиот да не поднесе во таа клиника. Ние ќе побараме од комисијата заштеда на конкуренција многу близок мониторинг на однесувањето на економските оператори кои што делуваат во областа на здравството, вели Тодоров.

Иако Тодоров не кажа јавно, според информации на Сител, набавките на цитостатици,  ортопедски помагала и лекови за бубрежно болните ќе се најдат пред Комисијата за заштита од конкуренцијата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=11UvvaKbafM

Превземено: Сител

Датум на објавата: 25.03.2012

Термин: 19.00  часот

Автор:  Сања Димитровска

 

By | 2012-03-26T04:03:18+00:00 26/03/2012|Здравство|