Торбите Најмногу се Полнат во КАМ и Тинекс Маркетите

//Торбите Најмногу се Полнат во КАМ и Тинекс Маркетите

Торбите Најмногу се Полнат во КАМ и Тинекс Маркетите

КАМ се маркетите во кои најчесто влегуваат и со полни ќеси излегуваат најголемите македонски потрошувачи. Во дисконтните продавници на овој трговски синџир пазарат една петтина од големите потрошувачи. Следуваат „Тинекс„ со 17% и „Тедико,, со 6% од пазарниот удел.

Вакво рангирање направи Институтот за истражување на пазарите и медиумите „Медиана Адриа” со седиште во Белград, базирајќи се на регионалното истражување на тоа каде купуваат суперпотрошувачите, односно оние кои најмногу трошат. Во тоа истражување кое освен Македонија ги опфаќа и Словенија, Србија и Хрватска, анализирано е однесувањето на 10% од популацијата која најмногу троши.

Од КАМ велат дека е единствен харддисконт во Македонија во кој се продава висок квалитет по најниска можна цена со лимитиран асортиман од 750 артикли, кои опфаќаат над 80% од потребите на купувачите.

Во овој момент кога има определена криза во светот и кај нас, кога прометот е во опаѓање, во КАМ прометот расте во просек по 20% годишно. Компанијата има најголем промет според физичкиот обем во производи, најголем промет по квадратен метар, најголем промет по вработен велат од компанијата која има 55 маркети и планира наредната година да отвори уште 20 нови маркети, на зелен пазар со трговски центар во центарот на Скопје, како и ширење во странство.

Гоце Камчев, основач и главен менаџер на КАМ вели дека успехот на компанијата се темели на тоа што штедат.

Штедиме на се, освен на квалитетот и на платите на вработените. Исто така, дневно договараме со нашите добавувачи со цел да се намалат трошоците во производството. Работиме со многу ниска маржа, која е околу 50% пониска од другите маркети, а и покрај тоа имаме добар профит  вели Камчев.

Карактеристично за македонските трговци на мало, според истражувањето, е тоа што најголем дел од пазарниот колач го имаат два од нив  КАМ и „Тинекс” маркетите, кои заедно ги задоволуваат потребите на 37% од големите потрошувачи. Останатите, почнувајќи од треторангираниот „Тедико„ имаат ситен пазарен удел од 6% па надолу.

За македонските потрошувачи најбитна е цената. Од петте фактори кои влијаат кај суперпотрошувачите: квалитетот, цената, разновидноста на понудата, рекламирањето и вработените, одлуката да се влезе и големото пазарување да се направи во одреден маркет се носи најмногу врз основа на цените на производите. Иако се работи за потрошувачи со поголема куповна моќ, цените меѓу сите пет фактори влијаат со близу 40%. Во истражувањето на „Медиана„, како следен фактор важен за одлуката на купувачите е издвоен квалитетот, а многу блиску до него е асортиманот. На македонските потрошувачи малку битни им се вработените во маркетите, а најмалку важно им е рекламирањето.

Секој петти голем потрошувач пазари во КАМ маркет, 17% од суперпотрошувачите купуваат во “Тинекс”, сите останати на чело со “Тедико” имаат пазарен удел од 6% па надолу, а при одлуката каде да се влезе најголемо влијание имаат цените

Во Словенија најмногу се пазари во „Меркатор„, „Спар„ и „Туш„ и слично како и во Македонија доминираат првите два трговски синџири кои имаат подеднаков удел од 36%, додека останатите се далеку зад нив. Но, за разлика од Македонците, кога купуват Словенците повеќе гледаат на квалитетот, отколку на цената, а скоро небитни им се рекламирањето и вработените. Во Хрватска водечка тројка се „Конзум”, „Кауфланд” и „Плодине”, но таму првиот води со 33% од купувачите, а следниот има само 9% од купувачите. Хрватите најмногу полагаат на асортиманот на производите во маркетот, а помалку на цената и квалитетот. Во Србија четвртина од големите потрошувачи пазаруваат во„Макси„, а на листата следуваат „Идеа„ и „Рода„ со по 14% и 13% од потрошувачите. На српските потрошувачи цената на производите им е многу поважна отколку на македонските. Меѓу петте истражувани фактори за нив таа влијае со скоро 50%, следуваат речиси со подеднакво влијание квалитетот и разновидноста на понудата.

[custom_frame_center]Торбите Најмногу се Полнат во КАМ и Тинекс Маркетите[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 21.11.2012

Автор: С.Ву.

By | 2012-11-21T11:24:48+00:00 21/11/2012|Маркети|