Условни Буџети за Шест Нови Клиники

//Условни Буџети за Шест Нови Клиники

Условни Буџети за Шест Нови Клиники

ФЗО ги дефинира таканаречените условни буџети за 6  нови клиники. Парите се наменети за специфични услуги кои ги нудат установите, а пред се за трансплатација. Клиниките имаат рок до крајот на годината да ги исполнат предвидените услуги, а во спротивно парите ќе им бидат одземени.

Фондот за здравствено осигурување ја прошири листата на клиники, кои ќе добиваат условни буџети. Обезбедени се средства за специфични здравствени услуги во шест нови установи. Хематологија ќе добие 4.9 милиони денари за 11 трансплантации на коскена срцевина, а 7.4 милиони денари одат на Неврологија, за лекување на заболените од мултиплекс склероза. Клиниката за урологија пак, ќе добие 17.4 милиони денари за дополнителни 20 трансплантации на бубрези, кои треба да ги направи во рок од 9 месеци. Фондот одлучи да ги зголеми средствата и за генетските испитувања пред трансплантациите, како и бројот на ин-витро оплодувањата. Во ова проширување на условните буџети, со 19 милиони денари ќе влезе и Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Исто како и изминатата година фондот и оваа година договори таканаречен  специфичен план на услуги кој што полуларно е наречен условни буџети за здравствените установи, а се со цел да се обезбеди минимален број на оние интервенции кои се од посебно значење за нашите пациенти. Значи пред преговорите фондот имаше интезивни средби со здруженијата на пациенти кои како определни здравствени услуги имаат потреба да бидат посебно стимулирани, изјави Татјана Лукановска директор на сектор на финансии во ФЗО.

Со условните буџети се опфатени вкупно 15 здравствени установи. Доколку до крајот на годината тие не ги реализираат наложените здравствени услуги, фондот ќе им ги одземе парите. Оттаму планираат и ново проширување на листата јавни здравствени установи, кои покрај основниот, ќе добијат и условен буџет.

httpv://www.youtube.com/watch?v=dYsQ_kS8x8U

Превземено: Телма

Датум на објавата: 22.05.2012

Термин: 18.30 часот

Автор: Весна Јовановска Дојчиновска

 

By | 2012-05-23T06:44:51+00:00 23/05/2012|Здравство|