Веро во Тафталиџе Реновиран по Светски Стандарди

//Веро во Тафталиџе Реновиран по Светски Стандарди

Веро во Тафталиџе Реновиран по Светски Стандарди

Во петок официјално ќе започне со работа проширениот и реновираниот простор на маркетот Веро во Тафталиџе. На вкупен простор од 2700 метри квадратни, од сега купувачите на едно од своите омилени места за пазарење ќе можат да уживаат во новиот подновен и проширен Веро маркет. Тој е сега е подобро организиран, пофункционален попрегледен и поголем за дополнителни 700 метри. Новиот простор има за цел купувањето да го направи уште попријатно и полесно за потрошувачите, и да ги задоволи највисоките светски стандарди.

Просторот за овошје и зеленчук е проширен, месарата исто така, што особено е на задоволство на сите оние кои специјално во Веро доаѓаат за да купат квалитетно свежо месо, имајќи ги во предвид неговите нутриционистички вредности. Покрај новата месара, просторот вклучува и нова рибара како и францускиот бренд за бели пецива Пастел.

Со својот софистициран изглед, реновираното Веро во Тавталиџе ќе биде уште попривлечно и позабавно за целото семејство.

[custom_frame_center]Веро во Тафталиџе Реновиран по Светски Стандарди[/custom_frame_center]

Превземено: Нова Македонија

Датум на објавата: 28.09.2012

By | 2012-09-28T06:10:14+00:00 28/09/2012|Маркети|