За Литар Млеко Работиме Двапати Повеќе од Хрватите

//За Литар Млеко Работиме Двапати Повеќе од Хрватите

За Литар Млеко Работиме Двапати Повеќе од Хрватите

Математиката покажува дека за да купи литар млеко просечниот македонски работник, кој заработува 2,21 денари за минута, треба да одработи 22 минути. Во Хрватска за литар млеко работникот треба на работа да мине во Германија само три минути.

Двапати повеќе од Хрватите и дури седумпати повеќе од Германците мора да работи просечниот македонски работник за да купи еден литар млеко. Со плата од 348 евра, работниците во земјава заработуваат околу 2,1 евра за еден час. Тоа е двапати помалку од нивните колеги во Хрватска, каде што просечната заработувачка за час е 4,2 евра и петпати помалку отколку во Германија, каде што во просек се заработуваат по околу 11,7 евра за час.

И покрај тоа што постојат разлики во цените за различни производи во трите земји и огромни разлики во заработувачката, споредбата на времетраењето што работникот треба да го помине на работа за да купи одреден производ дава целосна слика за разликите во животниот стандард во овие држави.

Така, математиката покажува дека за да купи литар млеко просечниот македонски работник, кој заработува 2,21 денари за минута треба да одработи 22 минути. Во Хрватска за литар млеко работникот треба на работа да мине десет минути, а во Германија само три минути. За килограм сирење во Македонија во просек треба да се одработат 92 минути, во Хрватска 77 минути, а во Германија 33 минути. Разликите во стандардот, кога станува збор за купување недвижнини, се помали меѓу Македонија и Хрватска, а драстично поголеми во однос на Германија. Така, за стан од 60 квадрати во Скопје просечниот Македонец треба да одработи 28.571 час, а просечниот Хрват 24.460 часа. За да купи стан со иста квадратура во Берлин просечниот Германец треба на работа да мине 8.564 часа.

Еден од ретките производи за кои во Македонија треба пократко да се работи во однос на Хрватска, а еднакво време во однос на Германија се дневните весници. За да купи дневен весник, македонскиот работник треба да работи седум минути, исто колку и работникот во Германија. Просечниот хрватски работник, пак, за да купи дневен весник треба на работа да мине 13 минути.

[custom_frame_center]За Литар Млеко Работиме Двапати Повеќе од Хрватите [/custom_frame_center]

Превземено:  www.novamakedonija.com.mk

Датум на објавата: 19.03.2012

By | 2012-03-20T02:45:42+00:00 20/03/2012|Млеко|