Здравјето Петпати Поскапо

//Здравјето Петпати Поскапо

Здравјето Петпати Поскапо

Дури петпати е поскапа партиципацијата за правење крвни анализи и микробиолошки испитувања на скопските клиники во последните две недели. За испитување на шест хормони досега се плаќаше по 100 денари, а со новиот ценовник се плаќаат 660 денари, за гинеколошки бактериски брисеви партиципацијата од 100 денари е покачена на 550 денари, а за болниот да испита дали има бактерија во грло или нос место 100 денари, треба да плати 220 денари.

Дополнителен проблем претставува ако пациентката има потреба да направи вирусолошки анализи на грлото на матката, па место досегашните 200 денари треба да плати дури 2.600 денари.

Ова поскапување предизвика револт кај пациентите, кои велат дека немаат пари да ги направат основните испитувања.

Како за две основни анализи, анализа на крв, урина и микробиолошки брисеви, платив партиципација од 1.200 денари. Јас како трудница што дава уште 50 евра месечно за витамини и за друга терапија, сметам дека со ова не тераат да не ги правиме потребните испитувања и на тој начин да си создаваме компликации. Нели Владата вели да раѓаме деца, а како да раѓаме деца, кога неможеме да си ги направиме и основните испитувањавели една 32годишна скопјанка.

Доктор Милена Петрова, директорката на Институтот за микробиологија, вели дека поради одлуката на Фондот за здравство за плаќање партиципација 20 отсто од вредноста на услугата, пациентите се соочиле со поскапување.

Нашите испитувања не се поскапени. Меѓутоа, Фондот за здравство донесе одлука пациентите да плаќаат партиципација од 20 отсто од вредноста на услугата, од референтната цена што ја признава Фондот и која е објавена во ,,Службен весник’’.

Досега пациентите плаќаа 100 денари по упат, во зависност од тоа колку испитувања се прават, на пример за брис од грло и од нос. Исто така, 200 денари се плаќаше за два гинеколошки бриса за бактерија и тест за кламидија и 300 денари, ако се вршеше испитување на ХПВ  истакна директорката Петрова.

Од Фондот за здравство, како најповикана институција, која ги направи измените во партиципацијата за биохемиски анализи и за микробиолошки брисеви, вчера не успеавме да добиеме одговор. Бранко Аџигогов, портпаролот на Фондот, по неколку телефонски барања и пораки не се јави да ни даде објаснување за поплаките на пациентите.

ПАЦИЕНТИТЕ ДА ПРАВАТ ПОМАЛКУ ИСПИТУВАЊА

Според Милена Петрова, има и испитувања на кои им се намалени цените, а кои претставуваат проблем за нивните лаборатории.  Ние имаме реален проблем бидејќи со некои намалувања на цените на испитувањата не можеме да се покриеме. Како да најдеме начин да ги плаќаме реагенсите што ги користиме. Би било подобро кога пациентите порационално би ги правеле испитувањата, а не да прават испитувања за се тврди таа.

[custom_frame_center]Здравјето Петпати Поскапо[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 22.03.2012

Автор:  Ирена Мулачка

By | 2012-03-22T08:51:11+00:00 22/03/2012|Здравство|