Здравството ќе се Освежи со 800 Нови Вработувања

//Здравството ќе се Освежи со 800 Нови Вработувања

Здравството ќе се Освежи со 800 Нови Вработувања

800 медицински сестри, лаборанти, медицински техничари, односно среден медицински персонал ќе бидат вработени во 2013 година во Јавните здравствени установи (ЈЗУ). Вработувањата ќе се реализираат на предлог на Министерството за здравство, за што согласност даде Министерството за финансии, а Владата даде одобрување. Како што објасни министерот за здравство Никола Тодоров средниот медицински персонал сериозно недостасува и во моментов се надополнува преку ангажирање на лица со договор или волонтери, при што дел од нив волонтираат и по десетина години во ЈЗУ, а притоа се носители на работата и овозможуваат функционирање на установата.

Во првата фаза ќе бидат вработени 400 лица кои ќе започнат со работа на 1 јули 2013 години, а во втората половина од 400 лица ќе започнат со работа во октомври или ноемвриобјасни Тодоров и додаде дека заедно со 400те вработувања главно лекари, специјализанти и специјалисти што годинава се реализираат вкупната бројка на вработени медицински лица ќе достигне 1.200. Според Тодоров на овој начин ќе се обноват човечките капацитети во Здравствениот сектор.

Најголемиот број од вработувањата од првата фаза ќе бидат во новата Градска болница „8 Септември” каде работно ќе бидат ангажирани 30 лица, во Клиничките болници во Витола, Штип, Тетово и Куманово ќе бидат вработени по 20ина, во Струмица и Велес од 5 до 10 вработувања. На Клиниката за Гинекологија и акушерство ќе бидат вработени 20 лица, а на Клиниката за кардиологија до 25 лица. Околу 90 милиони денари ќе бидат обезбедени за подмирување на платите на новите вработени. Парите ќе бидат обезбедени во рамките на Буџетот на Фондот за здравствено осигурување кој достигнува 340 милиони денари.

Министерот објасни дека за вработувањето ќе биде објавен јавен оглас по што ќе следува стручно тестирање, при што најдобрите тројца кандидати ќе бидат повикани на интервју пред Комисија која е формирана од вработени во конкретната ЈЗУ.

Тодоров укажа дека директорите во огласот можат да посочат дека волонтерите со над една година стаж ќе имаат предност при вработувањето, за на тој начин да се вработат најголемиот број од лицата волонтери чија бројка во моментов достигнува околу 1.600 лица.

[custom_frame_center]Здравството ќе се Освежи со 800 Нови Вработувања[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 28.12.2012

Автор: В.Ма.

By | 2012-12-28T04:37:50+00:00 28/12/2012|Здравство|