Здружението Борка со Нова Кампања за Борба Против Рак на Дојка

//Здружението Борка со Нова Кампања за Борба Против Рак на Дојка

Здружението Борка со Нова Кампања за Борба Против Рак на Дојка

Здружението Борка – За секој нов ден, во четврток година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка.

Кампањата е насловена како “Напред розово 2012 – чекори против ракот на дојка“, а е во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи три километра ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.

По прошетката ќе следува музички хепенинг и неформални социјални активности со едукативен карактер, социјални игри кои ќе имаат за цел да овозможат луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот. Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот Македонија во Скопје.

[custom_frame_center]Здружението Борка со Нова Кампања за Борба Против Рак на Дојка[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 19.04.2012

By | 2012-04-20T08:04:03+00:00 20/04/2012|Здравство|