Млеко од „Бимилк” за Домот за Доенчиња и Мали Деца од Битола

//Млеко од „Бимилк” за Домот за Доенчиња и Мали Деца од Битола

Млеко од „Бимилк” за Домот за Доенчиња и Мали Деца од Битола

Во рамки на Светскиот ден на млекото, први јуни, „Бимилк” донираше свои производи во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Донацијата од млеко ќе ги задоволи потребите на домот најмалку за една недела.

Целта на оваа донација е да се одбележи Денот на млекото на тој начин што ќе се искористат млечните производи да се даде помош таму каде што е потребно. Земајќи предвид колкава грижа и внимание домот посветува на правилното развивање и растење на децата што се таму, дојдовме до заклучок дека тоа е вистинското место за нашата донација  изјави Роко Водопија, директорот на „Битолска млекарница”.

Домот во Битола е установа од социјален тип, во која се згрижуваат доенчиња и мали деца што останале без родителска грижа.

[custom_frame_center]Млеко од „Бимилк" за Домот за Доенчиња и Мали Деца од Битола[/custom_frame_center]

Превземено: Ден

Датум на објавата: 02.06.2012

By | 2012-06-02T10:13:24+00:00 02/06/2012|Млеко|