PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
1 10, 2013

Waikiki повторно во Скопје

By | 2013-10-01T14:37:18+00:00 01/10/2013|Економија|

Светскиот бренд LC Waikiki конечно ја отвора долгоочекувана продавница во Скопје. Истата ќе биде сместена во трговскиот центар Скопје Сити Мол на првиот кат. Од трговскиот центар информираат дека продавницата ќе биде отворена многу наскоро, односно нивните супер парчиња облека ќе можат да се купат веќе во октомври. Брендот Waikiki од 1997 година е турски бренд во сопственост на Тема групацијата. Истиот има голем број продавници ширум светот, а нивните парчиња облека се меѓу омилените на трендесе [...]

27 09, 2013

Google ги части корисниците со торта и пињата за 15-от роденден

By | 2013-09-27T12:57:14+00:00 27/09/2013|Информатичка технологија|

Најпознатото име на интернетот Google на денешен пред 15 години беше основан од Лери Пејџ и Сергеј Брин. Креиран е во гаража во Силиконската долина под име BackRub. Интересно е дека неговото име е добиено по печатна грешка, креаторите сакале да го именуваат Googol што значи број со многу нули. [custom_frame_center][/custom_frame_center] Извор: www.sitel.com.mk Датум на објава: 27.09.2013 [...]

24 09, 2013

На Глобалниот самит во Охрид над 180 учесници

By | 2013-09-24T13:20:53+00:00 24/09/2013|Економија|

Претставници на над 180 македонски и странски компании од сите сектори се пријавени да присуствуваат на Вториот Глобален инвестициски самит, кој ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 октомври. На Вториот самит присутните ќе разговараат за бизнисможностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери, како и да разговараат за меѓусебна соработка. Во агендата на самитот се предвидени пет панелни дискусии на тема „Конкурентност на македонските компании" и билатерални соста  [...]

23 09, 2013

Првични слики од Android 4.4 KitKat

By | 2013-09-23T16:00:25+00:00 23/09/2013|Информатичка технологија, Телекомуникации|

Благодарение на податоците од Google уште од почетокот на Септември знаеме дека дефинитивно Android 4.4 KitKat е на пат да излезе во пошироката јавност. Очекувајќи ги новите функции кои што треба да се најдат во новиот оперативен систем, компанијата 9to5Google успеа да подготви неколку слики од промените на корисничкиот интерфејс што ќе ги има следната верзија на Android. Неофицијалните слики покажуваат дека новата верзија ќе содржи посветли бои низ целиот кориснички интерфејс, наместо сини икон [...]

19 09, 2013

Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година

By | 2013-09-19T12:45:17+00:00 19/09/2013|Економија, Маркети|

Уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 доби компанијата Жито Лукс од Скопје која е лидер во мелничко-пекарската индустрија. Од таму информираат дека потрошувачите можат и во иднина да очекуваат уште новитети „Постојано се трудиме да бидеме први во воведување на нови иновативни производи и унапредување во секој аспект од работењето. Признанието е секогаш, па и овој пат, поттик за поставување на повисоки цели. Во последните години лансиравме неколку нови производи како што се Нутри линијата [...]

12 09, 2013

„Осигурување Македонија“ дел од силната „Виена иншуранс груп“

By | 2013-09-12T12:59:01+00:00 12/09/2013|Осигурување|

  Домашната компанија, до пред извесно време позната како „Осигурување Кјуби Македонија“, од неодамна е дел од „Виена иншуренс груп“, австриски гигант што е број еден во осигурителниот бизнис во централна и во источна Европа  Со неодамнешната аквизиција од страна на „Виена иншуренс груп“ етаблираната домашна компанија „Осигурување Македонија“ се приклучи на најсилната групација на полето на осигурителниот бизнис во централна и во источна Европа. Брендот до неодамна познат како „Осигурување [...]

29 08, 2013

“073“ ќе заѕвони за неколку недели – „Албафоне“ го пролонгира стартот со работа

By | 2013-08-29T15:27:07+00:00 29/08/2013|Телекомуникации|

Компанијата „Албафоне“, која треба да работи на македонскиот телекомуникациски пазар како четврти мобилен оператор, денеска соопшти дека го пролонгира стартот со работа до завршување на почнатите интерконекциски преговори. - „Албафоне“ ги заврши сите планирани активности за почнување со работа на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги.  Како што најавивме, завршена е исклучително голема работа со цел да се обезбеди квалитетна понуда и покриеност на целата територија од државата, а пред с [...]

29 08, 2013

Уште два лекови на „Алкалоид“ се најдоа на европскиот пазар

By | 2013-08-29T15:24:18+00:00 29/08/2013|Здравство|

По тригодишна процедура, Алкалоид доби одобрување за пласман на два свои лека на пазарите на земјите-членки на Европската Унија. Метадон ќе се продава во 11 европски земји, а Цефиксим (ПАнцеф), доби дозвола да се пласира во 12 земји членки на ЕУ. Постапките за добивање на авторизациите за пласман на овие лекови се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија, како што е Европската децентрализирана процедура, на чело со Агенцијата за лекови на Англија, како референтна др [...]

23 08, 2013

Кјуби Македонија ребрендирано во Осигурување Македонија

By | 2013-08-23T15:13:25+00:00 23/08/2013|Осигурување|

Домашната компанија Осигурување Кјуби Македонија во иднина ќе го носи името Осигурување Македонија - Ви-ена иншуренс груп. Промената е ре-зултат на купувањето од страна на Виена иншуренс груп, австриската фупација со седиште во Виена, која сега е нов сопственик на поранешното Кјуби Македонија. Промената на името на друштвото, исто така, резултира и со процес на ребрендирање. - Убеден сум дека промените во компанијата ќе придонесат за поната-мошен одржлив развој на Осигуру-вање Македонија. Нашите [...]

26 07, 2013

Врвни директори од Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер на самит во Охрид

By | 2013-07-26T14:50:38+00:00 26/07/2013|Економија, Информатичка технологија|

На Глобалниот инвестицискиот самит „Македонија 2025“, кој годинава ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид, свое присуство потврдиле врвни директори од најпознатите светски корпорации како што се Мајкрософт, Филипс, Моторола, Блекстоун, Дрекселмајер, истакна денеска на прес-конференција петседателот на Бородот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски. Зафировски го потенцираше значењето на овој самит, надоврзувајќи се на ланскиот на кој присуствуваа 350 врвни домашни и странски бизнис [...]