PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
15 04, 2013

Гугл: Одлучете што ќе биде со вашите податоци по вашата смрт

By | 2013-04-15T14:21:57+00:00 15/04/2013|Информатичка технологија, Телекомуникации|

Американската компанија „Гугл“ ќе им овозможи на своите корисници да донесат одлука што ќе се случи со нивните податоци по смртта или по одреден период неактивност на Интернет. Гугл е првата компанија која почна да се занимава со ова чувствително прашање. Новата апликација се однесува на електронската пошта, социјалната мрежа Гугл плус, ЈуТјуб, размената на фотографии Пикаса и Блогер. Корисниците на овие апликации ќе можат да одберат податоците после одредено време да им се избришат или да ги пр [...]

15 04, 2013

Мафијата за фалс храна помоќна и од наркобизнисот

By | 2013-04-15T14:10:07+00:00 15/04/2013|Економија, Здравство|

Аферата е вредна милијарди евра, а во земјите од ЕУ постојат 3.600 групи во кои се ангажирани илјадници лица што се вклучени во перењето пари преку овој нелегален бизнис со храната. Пандорината кутија е отворена бидејќи Европа, но и светот, го тресе криза со фалсификувана храна. Аферата е вредна милијарди евра, а за само месец дена се обелоденија бројни фалсификати со храна како што се аферите за коњско, говедско и кучешко месо. На листата се најде и спорниот квалитет на рибата, а истовремено на [...]

11 04, 2013

Во сабота Конференција за професионална ориентација на млади

By | 2013-04-11T15:05:13+00:00 11/04/2013|Образование|

Ротари клубот Скопје - Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА и поддршка од градот Скопје, организира Конференција за професионална ори-ентација на средношколци под мо-тото „Зошто е толку важно да ја изберам вистинската професија за мене?". Конференцијата ќе се одржи на 13.04., сабота, од 12 до 17 часот, во просториите на Меѓународното училиште НОВА. На неа ќе се обратат повеќе истакнати говорници ка-ко Венко Андоновски, Жан Митрев, Димитар Богов и Илијанчо Гаговски, кои ќе го с [...]

11 04, 2013

Модна недела и во Скопје Сити Мол

By | 2013-04-11T14:11:18+00:00 11/04/2013|Култура, Македонија|

Како продолжение на „Fashion Weekend 2013“ од 11-ти до 13-ти април, во Скопје Сити Мол ќе се одржи првиот “Ready to wear” fashion weekend во Македонија со почеток од 20:00 часот. Оваа манифестација претставува сосема поинакво модно случување кое има за цел да прерасне во традиција на прослава на уличната мода. Во текот на трите дена од 11-ти до 13-ти април, со почеток од 20:00 часот ќе се претстават преку 20 светски модни брендови од трговскиот центар со најновите колекции од сезоната пролет/лет [...]

5 04, 2013

УНИБанка ги подобрува условите на кредитите за физички лица

By | 2013-04-05T08:49:01+00:00 05/04/2013|Банки|

Намален надоместок за одобрување на ненаменски потрошувачки кредит со каматна стапка 7,9% УНИБанка АД Скопје промовира уште подобри услови за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните. Од 1 април 2013 година Банката дополнително ја подобри понудата за своите клиенти, со намалување на еднократниот надоместок за одобрување на 1,25%. Износот за овој кредит се движи до 900.000 денари, со каматна стапка 7,9% на годишно ниво и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавна [...]

1 04, 2013

Ќе се бираат нови супербрендови во Македонија

By | 2013-04-01T13:51:59+00:00 01/04/2013|Економија, Македонија|

Од денеска официјалнозапочнува гласањето за Супербрендс во Македонија за периодот 2013/2014 година. Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, по прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на брендовите кои ќе бидат изгласани во Македонија, но и во некоја од земјите на Адриатик регионот. - Од денеска официјално најавуваме започнување на гласањето за нов [...]

13 03, 2013

“Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа

By | 2013-03-13T15:38:40+00:00 13/03/2013|Авиосообраќај|

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е најдобар во Европа во категоријата до два милиони патници годишно за 2012 година. Наградата, во конкуренција на 275 аеродроми, ја додели Меѓународниот аеродромски совет, врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот на аеродромските услуги. Главниот оперативен директор на концесионерот на македонските аеродорми, холдингот „ТАВ аеродроми“, Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена [...]

8 03, 2013

Почнува Танц со ѕвездите

By | 2013-03-08T15:24:31+00:00 08/03/2013|Култура|

Tанц со ѕвездите премиерно ќе започне да се прикажува од 8.03.2013, на првиот канал на Македонската телевизија. Првиот дел од епизодата каде што ќе видиме 5 парови ќе се емитува во петок во 20:45 часот, а вториот дел каде ќе ги видиме останатите 5 парови ќе се емитува во сабота во истиот термин. Танцовите двојки се подготвени да заблескаат во нивното препознатливо светло на дрвениот под за танцување во новото студио на МТВ, досега најголемо од ваков тип во земјава. Гламурозните костими во кои ќе [...]

8 03, 2013

Гимназијата НОВА доделува стипендии

By | 2013-03-08T14:49:36+00:00 08/03/2013|Образование|

Меѓународното училиште НОВА и Фондацијата "Борис Трајковски" и оваа година ќе доделат три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија. Условите за конкурирање опфаќаат солидно познавање на англиски јазик и математика, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од класен раководител и наставник по избор. При селекцијата, на кандидатите ќе им биде зададена тема за есеј и ќе бидат спроведени тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математ [...]

5 03, 2013

Што се може Apple да купи доколку сака

By | 2013-03-05T15:23:32+00:00 05/03/2013|Информатичка технологија|

„Apple“ моментално поседува 137 милијарди долари во кеш, па се поставува прашањето што би можела компанијата да купи, кога би сакала. Во прашање е навистина импресивна сума на пари која компанијата ја има на располагање. Погледнете што се може „Apple“ да купи, доколку сака. Тие би можеле да купат 17.9 куќи за секој вработен во „Yahoo“, па тие да бидат поблиску до работата како што сега посакува Извршниот директор на  „Yahoo“, Мелиса Маер. Тоа би било приближно 206.015 домови за 11.500 работници [...]