PressClipping

/PressClipping

About PressClipping

This author has not yet filled in any details.
So far PressClipping has created 756 blog entries.
1 03, 2013

Електричните автомобили наскоро ќе можат да се возат и во Скопје

By | 2013-03-01T14:27:03+00:00 01/03/2013|Автомобили|

Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар се во преговори со Агенцијата за енергетика за поставување на полначи за електрични возила и велосипеди на пет локации на најфрекфентните места во централното градско подрачје на Скопје, пишува Build.mk. Според информациите објавени на интернет – страницата на Агенцијата за енергетика, првата локација на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец. Подетални информации за оваа идеја засега не [...]

21 02, 2013

Шопинг како најубава мелодија

By | 2013-02-21T15:03:20+00:00 21/02/2013|Култура|

Таа е девојка со многу таленти. Една е од ретките која умее да води дијалози со величествената харфа. Професорка во нижото и средно музичко училиште каде секојдневно ги учи децата и ја поттикнува нивната љубов кон овој прекрасен инструмент. Многумина ја паметат и по нејзината извонредна Менка во филмот „Сенки" на Милчо Манчевски. Спонтана и природна, себеси се изразува низ разновидните облици на современата уметност. Расположена и насмеана, таква ја запознавме во Ѕкорје Сity Маll додека правеше [...]

18 02, 2013

Стопанската комора одбележува 91 година постоење

By | 2013-02-18T15:54:00+00:00 18/02/2013|Економија|

Стопанската комора на Македонија во понеделник одбележува 91 години од своето постоење. По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе бидат доделени признанија на компании кои имаат инвестициони активности во услови на криза и компании кои имаат инвестициони активности во странство. Стопанската комора на Македонија, како партнер и застапник на  деловните интереси на стопанството во Република Македонија, годинава ќе ја одбележи 91-та годишнина од своето дејствување, коешто започнало во далечната [...]

14 02, 2013

Лабораторијата на Нокиа и Мајкрософт на ФИНКИ ќе го поттикне пазарот за мобилни апликации

By | 2013-02-14T14:09:14+00:00 14/02/2013|Економија, Информатичка технологија|

Оваа лабораторија е прва од ваков вид која Нокиа ја отвора на Балканот, а истата овозможува пристап до најновите технологии на Нокиа и на Мајкрософт во областа на мобилните и на информациските технологии Студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), но и македонските компании од денес ќе можат да работат на развивање мобилни апликации во лабораторијата за мобилни технологии на Нокиа, во СМАРТ центарот на ФИНКИ.  Оваа лабораторија е прва од ваков вид која Ноки [...]

12 02, 2013

Новиот станбен комплекс на Enta Seal покрај Вардар готов до јуни!

By | 2013-02-12T14:36:40+00:00 12/02/2013|Uncategorized|

Доколку замислувавте дали е возможно да се живее близу до центар, но сепак далеку од градскиот метеж, во градба која е спој на луксуз и квалитет, опкружени со атмосфера на вистински рај, зачинета со летниковци и паркови и згора на тоа, непроценлив поглед кон реката Вардар, – тогаш токму таа замисла е во зрела фаза на реализација. До јуни оваа година компанијата Enta Seal ќе го доврши прекрасниот станбен комплекс, Проект К, кој почна да никнува пред 6 месеци на површина од 7000 м2 на кејот на рек [...]

12 02, 2013

Доделени првите електронски картички за превоз на опасни материи

By | 2013-02-12T14:24:49+00:00 12/02/2013|Економија|

Стручната оспособеност на превозниците на опасни материи во домашниот и во меѓународниот патен сообраќај ќе се потврдува со електронски картички. Првите такви картички на македонските превозници денеска им ги додели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Користењето електронски картички е врз основа на препораките на Европската спогодба за меѓународен патен превоз на опасни материи – АДР, чиј потписник е Република Македонија. Картичката согласно Законот за превоз на опасни материи во п [...]

11 02, 2013

Владата ќе покрива половина од трошоците за отворање бизниси во руралните средини

By | 2013-02-11T14:13:33+00:00 11/02/2013|Економија|

Граѓаните кои ќе се одлучат да отворат бизнис во руралните средини ќе добиваат финансиска поддршка од Владата во висина од 50 проценти од трошоците за започнување бизнис. Поддршката се однесува на отворање каков било бизнис почнувајќи од најмалите, како автомеханичари, автоперални, фризерници и занаетчии се до преработувачки капацитети и погони за производство на малите и средните претпријатија. За оваа цел Владата ќе одвои околу четири милиони евра, а проценките се дека на овој начин ќе може да [...]

6 02, 2013

Хипотекарен кредит од УНИБанка со фиксна каматна стапка од 6,9%

By | 2013-02-06T13:39:42+00:00 06/02/2013|Банки|

 [custom_frame_left] [/custom_frame_left] УНИБанка АД – Скопје промовира на пазарот мошне атрактивен хипотекарен кредит за физички лица кој претставува поволна алтернатива за сите клиенти кои сакаат да ги рефинансираат постоечките обврски за рати по кредити и кредитни картички и да ги заменат со една релаксирана месечна рата. Со овој кредит, исто така, клиентите имаат можност да ги задоволат и своите потреби за реновирање на домот, купување автомобил, да ги организираат своите семејни веселби, д [...]

5 02, 2013

„Скопје сити мол“ добро би се справил со евентуални ризици

By | 2013-02-05T14:49:27+00:00 05/02/2013|Македонија, Маркети|

Новиот трговски центар „Скопје сити мол“ е добро заштитен од евентуални непредвидени ситуации и можни ризици. Тоа го покажа и денешната голема противпожарна вежба, која беше спроведена на објектот.  „Противпожарната вежба е дел од нашата стратегија за идентификација, превенција и минимизирање на ефектите од непредвидени ситуации. Наша цел е да бидеме подготвени за управување на најдобар можен начин со можните ризици и вонредните ситуации. ’Скопје сити мол‘ има свој Кризен штаб, а сега видовме де [...]

4 02, 2013

Билетите За „Златна Бубамара” Веќе Во Продажба

By | 2013-02-04T14:13:24+00:00 04/02/2013|Култура|

Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста", која оваа година ќе се одржи на 21 февруари, секогаш буди голем интерес. Сите заинтересирани да ја проследат годинешната забава со познатите личности можат да ги купат билетите од денеска, од 14 часот на билетарницата во Универзална сала. Цената изнесува 1.000 денари. Од штабот на „Златна бубамара" велат дека во изминатите 10 години, билетите се продавале за 3 часа. Тие додаваат дека големиот интерес од оваа манифестација, која годинава го носи [...]